Колку почнав да замарам со ова...
Пробав јас да направам и секогаш заглавував во темата. Така да, ќе пишам се што ми беше во план со сајтот па некој од вас ако сака може да го почне сајтот. Јас единствено можам да помогнам со совети, преведување и некоја рачна работа (пишување постови, хостирање видеа), всушност целата работа откако ќе се среди дизајнот и back-end на страната.
Да почнам прво методи на заработка бидејќи таков е и форумов.
1. Маркетинг. Не се надевајте многу на македонски компании да се рекламираат бидејќи тешко дека ќе се нафатат на пиратски сајт. Маркетингот може да биде на странски страни или продукти. Има многу што бараат рекламирање на нивниот продукт. Ова бидејќи ќе биде страна за гледање филмови ќе можете да барате некои мали продуцентски куќи (странски се разбира) или некои „маалски“ екипи што прават филмчиња и да им нудите реклама на нивниот филм (обично кратки филмови прават). Може да биде тотално различна страна од темата на вашата страна, сеедно, битно ќе продавате рекламен простор.
2. Реферал линкови. Многу страни нудат пари со реферали, PTC на пример. Кога ќе имате повеќе реферали нема ни да треба вие да кликате. Ова би можело да влезе во маркетингот - вие ќе го пополните рекламниот простор со вашиот реферален линк.
3. ВИП членство. Со закуп на вип членство (дали ќе биде плаќано месечно или бескрајно зависи до вас). Вип членовите би имале придобивки како гледање на некои филмови и материјали што тешко се наоѓаат (а лесно се наоѓаат доколку знаете каде да барате). Гледање филмови без чекање, без реклами итн... Исто ќе имаат привилегија при предложување на филм, повеќе за ова ќе пишам понатаму.
4. Донации. Во МК не успева баш „молењето“ за донации, но што знам - можете да си ја пробате среќата бидејќи филмовизија.ком зимаат добри пари од донации, а и кинотека.мк собраа нешто кога побараа.
Ова е се што знам јас, а сигурен сум дека вас ќе ви текнат и на многу повеќе начини на заработка. Штом ги имаш посетите, лесно е веќе понатаму.
5. Видео хостинзи што плаќаат од прегледи, има повеќе такви. А вашите видеа ќе имаат повеќе гледаност
Загарантирани посетители бидејќи сите бараат и гледаат филмови. Македонците се големи мрзи и не се запознаени доволно со пиратеријата и торент сајтовите, па не знаат каде и како да најдат филмови и преводи. На вашата страна се ќе им биде ставено на тацна. Брзо се шири страната преку фејсбук бидејќи цело време посетителите бараат филмови да бидат ставени на страната, лајкуваат, коментираат. Ги знаете методите за добивање повеќе лајкови, а лесно ќе ви биде бидејќи имате добра тема на страната
Покрај социјалните мрежи, луѓето секогаш бараат предлози од пријатели и ќе се шири странава и меѓу приватни муабети, чатови, whatever.
Кинотека.мк и movie.mk се два примера што многу брзо се издигнаа со посетители. 20 000 лајкови добија на фејсбук и двете страни за само неколку месеци без никаков платен маркетинг.
За содржина е најмал проблем. Наоѓање филмови е лесно, а веќе има илјадници преводи на титлови.ком. Исто и преведување на нови филмови нема да биде проблем. Јас сум тука, можам за еден ден максимум да преведам филм, а сигурен сум дека и ќе најдете некои дечишта што ќе ви работат за 100денари од превод
Можете да додадете ново нешто - предлози од посетители. Посетителите да предложуваат филм, а тој филм што ќе добие најмногу гласови (или лајкови ако го спроведувате ова преку ФБ) ќе биде поставен на страната. Ова можете да го правите секоја недела. За 6 дена, филмот што ќе има најмногу гласови ќе биде поставен за еден ден и истиот ден се почнува со нови предлози. Вака, посетителите ќе собираат пријатели да гласаат за нивниот предлог и ќе ви се намали спамот по мејл и социјални профили како „ej aj te molam staj go ovoj film". Гледам по ФБ профилите на вакви сајтови најмногу коментари и постови има каде што луѓето бараат да се постави некој филм.
Моментално немате конкуренција. Кинотека.мк, movie.mk, gledajiti.com пропаднаа. Единствена страна е http://kinomanija.net која е катастрофално обработена и несредена, водена од деца и филмовите не се со МК превод. Бумбар.мк имаат сервис кинотека на кој филмовите не се уклучуваат.
Дизајнот јас го замислував едноставен, минималистички и темен. Почетната страна сакав да биде само лого, категории и слики (постери) од филмовите, а кога со маусот ќе отидеш врз сликата, да ти се појават информациите за филмот (жарн, наслов, мал текст) и да можеш да кликнеш и да те однесе директно кон постот.
Некои други мали работи:
- да има рејтинг систем (лесно остварливо) и ќе додадете некој виџед или било што како Топ 5 филмови (според рејтингот)
- да се додаде similar posts плагинот за да им ги предложува сличните филмови, да не се мачат да прешуваат „дај кажи некој добар филм како оној“
- ДА СЕ ОСТАВА ПОТПИСОТ НА АВТОРОТ НА ПРЕВОДОТ. Ова до сега не го правеа на другите сајтови. Крадеа преводи и пишуваа нивни потпис на преводот. Бидете фер.
- да има категорија новости, тука ќе се ставаат нови најави за филмови, трејлери, новости за актерите и режисерите итн.
- ако успеете да направите некое партнерство со МК страни за филмови (пример http://movie.mk, http://filmovi.com.mk, http://kino.mk). Можете да ги вадите новостите и статиите од кај нив и да не пишувате вие. Да не ги копирате туку да ви пратат некаков фид за директно да идат кај вас. Со кино.мк (или кинотеките) можете да доделувате бесплатни карти за на кино. Размена на банери се разбира...
Ова се неколку теми за ВП што ги најдов и се добри:
Grid Theme Responsive - бесплатна, со добри функции и опции
ReviewIt - премиум, со многу функции и не е лесна за средување. Има имплентиран buddypress и е многу добра доколку знаете како да ја средите. Ќе имаат посетителите опција за профили...цела социјална мрежа за филмови.
VideoX
VideoFlick
VideoGrid
Blocco - многу интересен и привлечен дизајн
Доста ви е овие предлози, има повеќе можете да најдете нешто друго ако овие не ви се допаѓаат.
Се изнапишав
Тоа е се, не дека открив нешто ново, туку чудно ми е зошто сеуште нема ваква страна, а има загарантиран успех. Јас сум тука колку можам ќе ви помогнам, а ако сакате и слободно „украдете“ ја идејава