makedon4e
Член
- Зачленет/а
- 21 ноември 2011
- Мислења
- 117
- Реакции
- 2
Би сакал овде да споделам неколку сајтови со вас на кои има добри туторијали за тоа како од никакво познавање би можеле да научите некој софтверски јазик.
http://homeandlearn.co.uk/ - На овој сајт ќе можете да ги научите основните програми од Microsoft Office пакетот, како што се Word, Excel и PowerPoint, но исто така ќе можете да навлезете и во програмирањето со следење на туторијалите за изработка на веб страни во хтмл и во php, да научите VisualBasic и Јава.
Страната нуди навистина добри туторијали, поткрепени со примери, објаснувања за тоа кои сите програми ќе ви бидат потребни за да ги следите вежбите, слики за подобро да се снајдите и сл.
http://www.codecademy.com/ - на оваа страна во моментов можете да научите за html и css, но и за javascript и jQuery кои во моментов се доста популарни при изработка на интерактивни апликации за веб страни
Страната нуди голем број на часови кои ви ги следите, има и помош доколку нешто не знаете. Сите работи се учат постапно, за секоја правилно изработена вежба добивате поени и освојувате награди.
Убаво е што на крајот од неколку часа има вежби, односно практична примена на наученото, за да се види дали се е добро сфатено и како наученото би можело да се примени во праксата.
Од страната најавуваат дека ќе додадат и други два јазици, односно Pythhon и Rubi.
Она што тука недостасува се туторијали за C++ и за кодирање на мобилни апликации (нешто што може да биде интересно и доста исплатливо).
Исто, би сакал доколу некој стави добар туторијал за поврзување на PHP и MySQL база со користење на prepared statements, или нешто повеќе околу заштитата на оваа врска.
Слободно постирајте и други сајтови од кои би можеле слободно да научиме некој програмски јазик, па потоа да го искористиме за заработка.