• После 10 години постоење, дојде моментот кога треба да се збогуваме! ИБиз ќе згасне на 1ви ноември 2021.

Сугестии и забелешки

Chuck Norris

Активен член
Зачленет/а
28 декември 2011
Мислења
250
Реакции
33
Веб-страница
google.com
Здраво,

Можеби сум уште нов за да давам многу забелешки и сугестии но тоа е на администрацијата како ќе го сватат ова. Нели, секоја критика може да ве направи само подобри :p

1.
Реферал линкови се забранети освен за VIP членовите кои ќе се претплатат.(во изработка сеуште)
Ова е едно мулти-форумско правило каде што постои речиси на сите форуми. Но ова е форум кој нуди заработка, кој се занимава со веб-страни каде што доколку имате активен реферал навистина е корисно. Зошто да не биде дозволено да биде јавно објавуван некој реферал линк? Секако, доколку има спамирање со линкови членот ќе си бидне соодветно казнет. Пример, некој ќе напише долг туторијал за заработка со аплоадирање а нема да може да го остави линкот. Многумина (95%) ќе ги мрзи да му пишат Приватна Порака и да го прашаат за реферал линк затоа што сакаат веднаш да се регистрираат. Значи членот се потрудил да објави интересен и корисен туторијал а притоа како знак на благодарност нема да добие ниту еден реферал. Како што кажав и претходно, за секое злоупотребување членовите ќе биднат соодветно санкционирани.

2.
Како рандом изменувач на пораки е ставен стандардниот едитор, но мислам дека би било подобро доколку се направи на сите членови автоматски да им е вклучен WYSIWYG едиторот затоа што е многу подобар, а секоја измена на текст или слика се појавува веднаш и е многу попрегледен текстот што сакате да го испратите.

3. Неможев да најдам опција за изменување на статус иако гледам некои членови го измениле или го немаат воопшто, дали тоа зависи од рангот незнам. Но би било добро за обичните членови статусот да е на македонски, нели сепак ова е македонски форум? Пример мене ми стои „Junior Member“ а имав само 1 мислење, би било подобро да го направите „Почетник“ или „Нов член“.

4. Да ја намалите ширината на форумот. Имам монитор 17 инџи а користам резолуција 1152 x 864 а сликата ми е многу раширена. Има опција во админ панелот да се стесни процентуално темата, па можете да ја намалите доколку сакате. ЕДИТ: Сега видов опција дека може да се селектира променлива да е темата, сепак би било подобро ако ставите дифолт да е фиксна ширината.

5. Да се зголеми стандардниот фонт на пишување, бидејќи споредбено со други форуми/блогови/сајтови тука фонтот е многу помал и претставува проблем за читање.

6. Статистиката на почетната страна од десно ја има и долу. Подобро е сите статистики во врска со еден форум да се долу. (Мое мислење)

Тоа би било се сега за сега од моја страна.
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
Не е битно колку одамна си член (дури и нерегистриран преку контакт форма може да даде забелешка/критика/сугестија)
1. Тоа е се добро но 95% од членовите ке го злоупотребуваат тоа и спамираат со реферал линкови. Али затоа кај нас ке има ВИП членови на кои ке им биде дозволено (ке има неколку групи на ВИП членови)
Е ако некој допринесува (тоа што пиша ти опширно го објасни процесор) ке се види и му биде доделен вип статус.
Тоа после нова година ке биде детално објавено (затоа засега е без реферали)

2. Поправено ставив WYSIWYG при изменување на текст за ново регистрираните членови.
3. На сите им е стандардно освен администраторите, мислевме нешто поинтересно да ставиме али сеуште е во изработка, ако имате предлог слободно дадете
4. Има за такви и променлив(%) али ставен е стандарден со фиксна, оти претежно корисниците имаат >=1150px
5. Стандардна големина е фонтот 11px, доколку се јави уште некој ке биде разгледано и зголемен
6. Иста статистика е (таа десно и таа доле), ке биде разгледано па може и да се тргне од десно


Ако има уште нешто, слободно пишувај:popcorn2:
 
На врв Дно