Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Совети за ефективна оптимизација (SEО)

Дискусија во форумот 'SEO' започната од Seophisticated, 23 Април 2012.

  1. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    Последниве неколку panda обновувања на алгоритмите на google, буквално уништуваат ранкови кои се изградени само врз основа на квалитетни линкови, плагини, еден тип линкови, блог коментари и сл.

    Па еве неколку корисни совети доколку сакате ЕФЕКТИВЕНА оптимизација.

    1. Google мрази алакти за SEO и досега на скоро сите им го има пронајдено footprintot кој го оставаат зад себе. Затоа не се замарајте со софтвер, почнете да градите линкови мануелно, полека и природно.
    Тоа значи дека треба да почнете со по неколку линкови на ден и да продолжите да креирате со константно темпо. Немора да креирате секој ден, па така можете да направите мал распоред и два пати во неделата да креирате линкови. Правете им Ping i RSS. Ако градите квалитетни линкови на квалитетни сајтови google брзо ќе ги индексира затоа што таквите сајтови ги посетува многу почесто. 100 квалитетни линкови се подобри и ќе имаат далку поголем ефект од 1000 неквалитетни линкови.

    2. Правете диверзификација на линковите кои ги градите, доколку гледате од природен аспект, посетителите на вашиот сајт би споделиле линк буквално секаде, затоа ви треба голема диверзификација: Форум постови, Форум потписи, Social Bookmarks, Facebook линкови, Twitter tweets i retweets, Youtube kanali, Video descriptions, Wiki sajtovi, Press releases, Video sajtovi, Yahoo answers, Web 2.0 sajtovi (samo 100% unique content), directory submissions, Write for us sajtovi i se shto ke vi padne na pamet.

    3. Обавезно ви треба и диверзификација на anchorot кој го користите за вашиот сајт. Според мое и истражување на еден друг тип еве еден добар процентуален приказ каква диверзификација ви е потребна.
    40% Чист клучен збор. Пример: Make money
    20% Клучен збор + друг збор поврзан со темата. Пример: How to make money online
    20% Гол линк. Што значи не ставате никаков anchor туку само линк.
    10% Read more. Што значи дека како anchor клучен збор ќе ставите прочитај повеќе.
    5% Click here. Исто како во претходниот пример
    5% Source. Исто како во претходните два примери

    4. Не ставајте многу SEO плагини на вашиот сајт. Гугл ќе препознае дека вашиот сајт е директно наменет само за оптимизација, а тоа не е добро. Според мене не е потребен ниту All in one SEO плагинот, но доколку сметате дека ви врши добра работа користете го. Ставете плагин за related posts линкови и за споделување на социјални мрежи. W3 Total Cache ви треба овавезно, за да чистите кеш и побрзо да ви се лоадира сајтот. Akismet е бесплатен и цар за спам коментари. WP Policies ви треба за сите потребни полиси и правила на користење. Contact form 7 за контакт форма. Wassup е одличен плагин за следење статистики на постетители доколку несакате да го поврзувате сајтот со google analytics. Google XML Sitemaps ви е потребен за креирање пријателска мапа за гугл полесно да го разгледа сајтот. Никако не ставајте плагин за автоматски тагови според посетителите, овој влијае многу лошо на ранкувањето.

    5. Оптимизирајте ја содржината и секој артикал нека ви биде посебно наменет за некој специфичен клучен збор. Не ја преполнувајте со клучни зборови и доволна ви е густина од 3%. Користете клучни зборови за внатрешно да го линкувате сајтот со други страници кои се поврзани. Оптиизирајте ги сликите и alt описот. Не кревајте слики во стилот 3184543.JPG туку Клучен-Збор.JPG. Оптимизирајте ги категориите, и таговите кои ќе ги користите според клучните зборови. Не користете цело време h1 И h2. Доволно е еднаш h1 да го искористите и два пати h2 во артиклот.

    6. Оптимизирајте го сајтот за брзо лоадирање така што гугл смета дека колку побрзо се отвара сајтот толку по угодно им е на посетителите да го разгледаат. Користете ја оваа алатка на гугл за да дознаете повеќе околу тоа што да оптимизирате за побрзо отварање: https://developers.google.com/pagespeed/

    Во главно потребна ви е уникатна содржина, солидна оптимизација на веб страната и диверзификација на линкови.

    За добра содржина еве пример за тоа како би требало да изгледа структурата:

    - Title
    - Main Topic (H1)
    - paragraph
    - video/image (оптимизирани)
    - Subtopic (H2)
    - paragraph
    - bullet list
    - Subtopic (H2)
    - paragraph
    - video/image/diagram
    - Summary paragraph во italic или сл.

    Поздрав :)
     
    1 person likes this.
  2. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    По default кај многу теми, насловот на постот е H1. Во тој случај би имале 2 H1 а тоа не е добро. Дали сакаш да кажеш дека треба да го отсраниме H1 од post title за да ни остане само едно H1 и тоа во main topic според твојата шема?

    За niche блогови најчесто правам на овој начин:
    Home Page

    Blog title (H1)
    Posts (H2)


    Individual Posts

    Blog Title (H1)
    Post Title (H2)
    Topic (H2)
    итн.

    За поголеми блогови:
    Home Page
    Blog title (H1)
    Posts (H2)

    Individual Posts
    Blog Title (H2)
    Post Title (H1)
    Topic (H2)
    итн.
     
  3. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    Тоа е наменето за сите видови блогови и сајтови. На wordpress 99% од темплејтите имаат наместено h1 на насловите така што немора повторно да се употребува h1 како Main title, но кај некои е наместено h2 како наслов па затоа таму се употребува h1 како main title.

    А некогаш насловот ти е надвор од контестот на клучниот збор па мора уште еден h1 како Main topic.

    Инаку не е воопшто страшно доколку се употреби h1 два пати, но добро е да се употреби еднаш. Добра шема имаш, продолжи така.
     
  4. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    треба да се повнимава на keyword stuffing-от.
    google им влезе во шема на ваквите сајтови/блогови кои претеруваат со употреба на клучните зборови во артиклите.

    затоа од голема помош се LSI keywords.
    читам во последно време доста се користат и луѓе се фалат дека им помага во зголемување на пејџ ранкот.
    за оние кои не знаат што се LSI keywords..
    кратенка е од Latent Semantic Indexing и во основа се еден вид на синоними или сродни термини кои ги надополнуваат клучните зборови.

    за повеќе инфо.. тркнете го google, ќе ви даде еден куп примери :)
     

Сподели: