Не баш добро се изјаснив, дали може со оваа мрежа PPV да се заработува со македонски сајт на кој има видеа.
На пример, јас имам сајт за видеа и него го посетуваат македонски посетители. Сега сакам да поставам реклама од некој од горе наведените мрежи - туѓи реклами.
Колку би добивал за секоја прикажана реклама на мојот сајт за секоја посета?
Значи нема ништо поврзано со ЦПА, туку само си имам мој сајт и би сакал да го монетизирам со PPV.

од она што го пишав во претходните постови требаше да скапираш дека краткиот одговор е: не
ок.. еве ќе ти го прераскажам и од твоја страна (како сопственик на веб сајт).
значи, имаш твој веб сајт и сакаш да заработуваш од него.
имаш определено места на сајтот каде може да се стават банери (горе во header-от, лево или десно во sidebar-овите, pop-up, pop-under.. итн итн.) ондак, го објавуваш тоа во PPV мрежите, дека на твојот сајт има простор за огласување, место каде можат да се постават PPV банерите.
и од PPV мрежата ќе те прашаат две многу битни прашања:
колку посетители имаш дневно/месечно на веб сајтот?
од каде доаѓа traffic-от, односно од кои земји ти се посетителите?
и ти им викаш:
имам дневно по 1.000 посети на мојот сајт и 90% од посетите ми се од Македонија.
ќе ти речат.. Ок. и ќе те стават во нивната база на сајтови кои нудат простор за PPV огласување и го нудат тоа на PPV маркетерите.
е сега..
размисли.. кој PPV маркетер, односно огласувач, би ставил кај тебе на сајтот банер за некоја понуда која важи за американци, кога знае дека кај тебе доаѓаат луѓе кои се од македонија?
нема бизнис логика да потроши пари на нешто од што нема да добие приход.
едино што можеш да направиш е да понудиш банери кај тебе на сајт, онака како тоа што го прават нашиве познати македонски сајтови/портали (365.com.mk, on.net.mk, off.net.mk) и да ставиш неделни или месечни цени за закупување, ама прашање е дали некој воопшто ќе сака да стави банери.
тоа е тоа.. за жал, исплатливоста на македонски сајт, со македонски посетители.. е скоро еднаква на нула.
останува на тебе.. да се запрашаш.. дали сајтот можеш да го преиначиш за светскиот пазар (англиски јазик, солиден SEO да му направиш и да почнат странци да доаѓаат) е тогаш тек имаш случај за профитирање.
и добро, ако не е тајна, кој е твојот сајт?
може ќе имаме некои други предлози, ако знаеме за што конкретно станува збор