Развивање мал или голем сервис за одлична заработка!

Seophisticated

Истакнат член
Зачленет/а
4 ноември 2011
Мислења
196
Реакции
55
Ова е една мала идеја од која што можете да извадите огромна сума пари.
Потребно ви е основно познавање на wordpress, joomla или друга cms платформа која ќе ви овозможи едноставни веб дизајн опции.
Идејата не е моја, пред кратко време е споделена на друг форум но јас ќе ја персонализирам за Македонскиот пазар.
Потребно е да се знае дека за овој бизнис е потребена мала инвестиција, но истата многу брзо ќе биде покриена.

Идејата:
Ќе нудите веб портфолио на мали Македонски бизниси кој имаат потреба од дополнителен маркетинг и сопствена презентација на веб мрежата. Што значи дека вие ќе креирате веб страни за мали компании и бизниси кои ќе ви плаќаат месечен надоместок за одржување и покривање на "трошоците".
Веб страните ќе бидат едноставни персонализирани wordpress или joomla темплејти со оригиналното лого на компанијата, детали, услуги, нејзини продукти и контакт. Но нема да работите по стандарниот принцип на веб дизајн и развој.

Детали:
1. Закупувате свој хостинг пакет од било која компанија со резиме. Ви треба хостинг пакет со неограничен број домени за хостирање.

2. Откако ќе закупите хостинг можете да почнете со барање, огласување и контактирање бизниси на кои им е потребна веб страна: кафулиња, ресторани, бизниси за малопродажба и произдводство, водоводна опрема, керамика, ентериер, екстериер, мебел и сл. има огромен избор.

3. На компаниите ќе им го понудите следново:

- По цена од 1000 денари месечно ви нудиме сопствен домен, хостинг пакет, веб дизајн за вашето бизнис портфолио заедно со професионално изработено лого, Fan page на фејсбук, исто така вашиот сајт ќе биде вметнат во познатите пребарувачи како Google, Bing, Yahoo и ќе биде дополнително оптимизиран за истите, а воедно и ви нудиме целокупно одржување и дополнување на веб страната во зависност од вашите барања. Ова е одлична можност да го зголемите целокупниот капацитет на вашиот бизнис а воедно и вашиот профит.

Вашата работа:

1. Доменот може да ве чини 200-300 денари годишно доколку одберат .com .net .org или 800 денари годишно доколку одберат .mk или .com.mk
(Гледајте да ги убедите да закупат .com, вашиот трошок ќе биде значително скратен а воедно и нема да удира силно по вашиот џеб при почетокот на бизнисот)

2. Веб дизајнот: Ќе го завршите за пола ден со тоа што бизнисот ќе треба да ви даде веќе готови информации за компанијата кои ќе ги вметнете во темплејтот, ќе го преведете истиот и ќе го додадете логото. ( Никогаш не одбирајте бизниси/компании кои ќе сакаат детално да им биде дизајниран сајтот, или ќе се замараат мнгогу со целосниот изглед, со помалите бизниси има помалку замарање и нервози, одибрајте клиенти/газди кои што се пријателски настроени и не сакаат да се замараат околу деталите на дизајнот) Што значи дека ќе бидат задоволни со било кој убаво среден и чист темплејт.

3. Доколку фирмата нема лого, верувам дека за 1 саат ќе успеете да креирате нешто едноставно и квалитетно на фотошоп и газдата ќе биде задоволен.

4. Facebook страната за фирмата ќе ја креирате во рок од 10 минути, ќе ја поврзете со сајтот, ќе додадете неколку слики, производи или услуги и готова работа.

5. Google и останатите пребарувачи сами ќе го индексираат сајтот, а друго ви останува да го пуштите No Hands Seo (Кракирана верзија има на форумов) да работи за секој сајт по 3 дена во месецот и тука сте ја завршиле работата.


КАДЕ ДОАЃА ВАШИОТ ОДЛИЧЕН ПРОФИТ ? :

При договарање со клиентот обавезно ќе понудите договор во времетраење од 1 година. Ова можете да го направите персонално и да го осигурате на нотар или можете да го направите вербално, но со вербален договор би требало да побарате 3 месеци уплата однапред односно 3000 денари за да се осигурате дека клиентот ќе остане со вас и да ги покриете трошоците однапред.

Откако ќе завршите со страната на првиот клиент, веднаш преминувате на вториот и така во еден месец можете да соберете одлична бројка клиенти.

Кога ќе соберете 20 клиенти, вие веќе сте вложиле 1-2 месеци активна работа околу веб дизајнот и креацијата на содржината, а воедно имате и трошоци за домените. Но сега имате 20 мали бизниси чие интернет преставништво зависи од вас и секој од нив без проблем ќе ви плати 1000 денари месечно за одржување и хостирање.

Одржувањето ќе ви одзима минимална работа со фактот дека малите бизниси ретко имаат новости во нивните услуги и понуди па така нема да има што многу да одржувате :)

Да сумираме, со 20 клиенти вие сте работеле напорно 2 месеци, но сега имате 20.000 денари профит месечно со минимална работа. Па така вие можете слободно да продолжите со промовирање на вашата понуда и зголемување на бројот на клиенти. Со 30 клиенти вие веќе сте далеку над стандардот во Македонија, а работите минимално.

Според бројот на мали бизниси кои постојат во државава, лесно ќе ја постигнете бројката од 20-30 клиенти. Промовирањето може да ви биде комплетно бесплатно, огласувајќи на бесплатни огласи. Можете и да направите мала фејсбук кампања со помош на ваучери и сл. Исто така и флаери вршат одлична работа. Не заборавајте дека обавезно ви требаат визит карти при започнување ваков бизнис. Давајте по 2-3 на секој нов клиент а они брзо ќе ја рашират веста кај нивните соработници :)


Ова е сериозен бизнис за сериозна заработка. Не препорачувам да го започнува некој кој што не е спремен да работи напорно и да вложи голем труд и време за да го отпочне. Иако инвестицијата е многу мала, сепак бара сериозен пристап.

Секој може да проба да го оствари со 1-2 клиенти за да види колкав е неговиот успех и напредок. Па доколку може да се сноси со одговорноста проширувањето и зголемувањето на бројот на клиенти е најмал проблем.

Поздрав, се најдобро.
 

tool

Член
Зачленет/а
10 ноември 2011
Мислења
70
Реакции
14
Одржувањето ќе ви одзима минимална работа со фактот дека малите бизниси ретко имаат новости во нивните услуги и понуди па така нема да има што многу да одржувате

Ова е најголемиот проблем. Ова е веќе измама. Сајт како што опишуваш ти се прави за една недела максимум. Целосно, од лого до информации на сајтот. Единствената работа што му останува да ја работи откако ќе заврши со сајтот е ажурирање на социјалните мрежи и по потреба (иако ретко се случува) да измени или додаде некои информации на сајтот. Хостинзите се ажурираат годишно, не знам зошто да плаќа месечно за нив.

Финтава тука е ако најдете доволно глуп газда што ќе се нафати на волку скапо :)

Разни тимови нудат за 6000 денари професионална изработка на тоа што вие го нудите преку готови темплејти и едноставни дизајни. И тие тимови не бараат секој нареден месец по 1000 денари.


И јас знам wordpress многу, знам да хостирам страни заедно со подесување на домените (иако тоа може и самиот хостинг да ви го направи), знам основен фотошоп како и основен HTML, јаваскрипт и ЦСС. Би можел да средувам многу добро сајтови за мали бизниси, но целата забуна ми е во скапата цена (1000 денари месечно). Не знам кој би се нафатил на волку скапа цена.
 

Seophisticated

Истакнат член
Зачленет/а
4 ноември 2011
Мислења
196
Реакции
55
Грешиш ако мислиш дека ова е скапа цена за било кој мал бизнис. Можеби е скапо за индивидуа која прима просечни финансиски средства месечно. Но за мал бизнис верувај дека 1000 денари месечно не се ништо.

А тие луѓе не губат ништо, затоа што пред се страната ќе им биде цело време свежа и средена. Секој месец ќе добиваат SEO сесии со No Hands Seo кои ќе им овозможат полесно ранкување на клучни зборови од Македонскиот речник, а тоа значи и зголемување на бројот на клиенти.

А знам колку добри дизајни излегуваат од тие тимови кои нудат професионална изработка за 6.000 денари ;) Сум работел и јас веб дизајн и верувај дека доволно сум запознаен со истиот случај. Немаат ни соодветни контакт форми, ни соодветни системи за собирање маилови за понатамошен опт ин маркетинг, дури ни faviconot не им го мењаат туку останува она грдото на Joomla. Професионалниот дизајн им се состои во тоа што земале темплејт, го превеле на Македонски, додале информации за бизнисот и толку.

Истово ќе го правиш и ти само не за 6.000 туку за 1000 месечно.

А според фактот што знам дека мал милион фирми во Македонија плаќаат ненормални цени за хостинг кај некои компании, сигурен сум дека одржување + хоситинг + SEO се одлична понуда за 1000 денари месечно.

Запознаен сум со веб дизајн пазарот во Македонија и 1000 денари месечно е прифатлива цена. Гарантирам дека ќе најдеш многу газди кои ќе се сложат со ова.

Ако се плашиш и мислиш дека ова е измама не работи тогаш :) никој не те тера да правиш пари.

позз
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
интересен пристап и верувам дека би функционирало, со тоа пр можеш да му кажеш договор е на една година, така подобро отколку пр да му кажеш за дизајн одеднаш 12000

а негово одржување (барем за малите кафиќи/... фирмички) не верувам повеќе од 10мин месечно ке треба,
а друго е кога сите бараат големи суми на пари ти "ич не им бараш" ке те кажат на друга фирма и повеќе клиенти ке се добиваат


овој метод би функционирал кај нас, додека секаде во светот ти платат голема сума на пари за дизајнот и ти платат за месечно одржување
 

Nakolce

Активен член
Зачленет/а
1 ноември 2011
Мислења
510
Реакции
84
Не заборавајте дека обавезно ви требаат визит карти при започнување ваков бизнис. Давајте по 2-3 на секој нов клиент а они брзо ќе ја рашират веста кај нивните соработници :)
Епа кој е расположен за работа нека работи. Јас ви нудам визит карти квалитетно испечатени на фото хартија со димензии 9x5 cm, нивниот дизајн може да биде ваш а може и јас да ги дизајнирам.
Цената на 100 визит карти е 350 денари. Доколку нарачате повеќе од 300 визит карти цената ке биде 300 денари за 100 визит карти.
Кој е заинтересиран може слободно да ме контактира на ПП

Исто така може да направам и флаери за она што вие го нудите. големината на 1 флаер може да биде максимално 10х15 cm, се печатат на фото хартија но затоа цената им е повисока. односно се движи од 7 до 9 денари во зависност од количината која ја сакате.

Поздрав
 

kon

Истакнат член
Зачленет/а
12 ноември 2011
Мислења
1,195
Реакции
304
Веб-страница
darkoefremov.com
Nakolce од каде си ? - За 50-70 визит карти колку зимаш ? ;p
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Без офтопик kon контактирај го по ПП за визитките, иначе не се сложувам со tool дека ова е измама, т.е нема никаква измама тука. Иначе како што кажа томче ова е доста интересно, јас лично знам фирми кои плаќаат многу поголеми суми од овие 12 и нивните сајтови се мртви. За разлика од тоа вие ќе им нудите многу повеќе од само едно одржување на веб страната за само 1000 ден.
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
инаку да додадам, пред да се почне можете 2-3 шаблони (темплејти) направите, и да се различни(со различна структура)
после секој во зависност од тоа што бара ке измените(досредите) соодветен темплејт

одредени работи (без разлика кој CMS користите) може претходно да се средени, пр контакт форма, сео алатки,..

а за .мк домејн доволно е да им кажете дека треба да чекаат миниум 20дена од марнет и одма ке се откажат, кога слушнат за останати треба пар минутки.

инаку оваа баш ме стави во размислување, вреди убаво да се разгледа, и е баш онаа кај нас што ни треба (што им треба на нашите фирмички кои не постојат на интернет)
 

kon

Истакнат член
Зачленет/а
12 ноември 2011
Мислења
1,195
Реакции
304
Веб-страница
darkoefremov.com
Баш каде што прашав после школо за визитките колку ке ми земе пари ... пластифицирани ако се и во црно-бело печатење нема многу ... а и да не ми земе ке му дадам попуст од цената на страната... Преска баш одам да прашам, и ми вика знаеш ли да правеш страни, јас без понуда, ништо, дека го работам тоа ми понуди да му правам веб страна за фотокопирницата и треба да се договориме за цена само... Јаху ! :D
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Ете добар почеток @kon, нема да имаш некоја преголема работа поради тоа што се работи за фотокопирница.
 

kon

Истакнат член
Зачленет/а
12 ноември 2011
Мислења
1,195
Реакции
304
Веб-страница
darkoefremov.com
Сакам да се потрудам за овој ... дека рече имал и пријатели и ке ме препорачал...
 

Seophisticated

Истакнат член
Зачленет/а
4 ноември 2011
Мислења
196
Реакции
55
Епа пријателе јас веќе спомнав колку е лесно да се најдат клиенти овде.

Еве ти можност прв да го започнеш овој проект и подоцна да им држиш бизнис лекции на останатите кои мислат дека ова е несиплатливо, измама, или ѓи мрзи да почнат :)
 

dani

Нов член
Зачленет/а
21 јуни 2012
Мислења
2
Реакции
0
Јас сакав да ве прашам околу хостингот. Гледав некои понуди на Интернет , но има голема разлика во цените. Нпр.
Код:
https://ehost.mk/hosting
има цена од 5000 денари годишно за неограничен број на домени, а
Код:
http://www.mkhost.com.mk/
има месечна цена од 590 денари за 20 домени. други перформанси се отприлика тука некаде. Некои искуства со хостинг? Препорака?
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Најнапред Добредојде на ИБиз,

Со ехост добиваш и .мк домен гратис кој можеш да го искористиш за креирање на сопствен сајт каде што ќе ги нудиш услугите.
Мкхост нема добра понуда така да не би се одлучил.
Можеш да ги погледнеш и услугите на Uhost.mk.

За ова добро би било според мене да избереш само странски хостинг како на пример Hostgator Baby Plan кој ти нуди неограничено домени/простор/трансфер..
Код:
http://www.hostgator.com/shared.shtml
 

dani

Нов член
Зачленет/а
21 јуни 2012
Мислења
2
Реакции
0
Благодарам за совет и за добредојде :)
Гледам дека според понуда е подобар ехост. Мислев да нема некоја друга зврчка, да се нестабилни или нешто слично. Чудни ми се овие разлики во цени.
А како би платила стран домен? Картичка преку нет, се уште на овие простори не.
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
За плаќање на странски хостови освен Paypal мора да има и со кредитна картичка.
Така да доколку имаш кредитна можеш да платиш преку кредитна.
 

Zeratul

Член
Зачленет/а
15 март 2012
Мислења
91
Реакции
15
Од моето ОГРОМНО искуство со македонски бизнисменчиња можам само да кажам дека прво ќе се окозите за да најдете 20-30 клиенти, а потоа секој месец ќе ги бркате за да плаќаат. Јас на фирма од 5 милиони евра и направив веб страна за 600 евра и добро беше што 300 зедов однапред. За следните 300 чекав 6 месеци. А фирмата правеше милионски суми промет (во денари). Едноставно не сакаат да ти платат без молење/колење!

Потоа морав да се заканам со кинење на мејл серверите за да платат.

Платиа истиот ден во рок од 2 часа....
 
На врв Дно