Ме интересира дали некој од форумов го следел курсот на г-дин Мирко Чешелкоски. Случајно сретнав реклама на фејсбук, и гледам дека има многу луѓе кои го следеле неговиот курс и почнале да заработуваат.
Оддамна сум ја забележал неговата реклама. Најверојатно има некој трикови во ракавот но ќе ти открие само третина од нив. (барем јас така мислам)
Баш затоа велам дека е преварант. Се гледа дека единствено што му е важно е да ги собере парите на луѓето. Било потребно средно ниво на англиски, утре сабајле некој што ке подготви статија што незнае добро англиски или не требало големо знаенње од компјутери доволно било лајк и шер,пффффф, а луѓето треба да склопат сајт во вордпрес.Бев јас на една негова презентација, целта е градење на сајт кој ке заработува со adsense, нема нешто посебно што изучува, така некој основни работи, константно нови текстови да се пишуваат на сајтот и активност на социјални мрежи. Пред 7-8 месеци курсот чинеше 20 000 денари, сега не знам која е цената.
Едино што ми е малце чудно, он наведува дека секој што е заинтересиран за крусот треба да знае малце од малце англиски, основно, додека во едно видео што го гледав додека им предава, им вели дека треба да ги пишуваат они лично текстовите, е сеа како оди тоа пишување англиски со основно познавање...
Иначе има успешни проекти од тој курс, овој сајт мислам е на еден дечко од Велес и убаво заработува.
http://www.healthyfoodhouse.com/
https://www.facebook.com/pages/Healthy-Food-House/107556589400543
Да, сметам овој е онака за почетници курс. А дали вреди - незнам, не сум отишол ниту еднаш па да оценам.
http://www.youtube.com/user/MaksimumMarketing/videos
Денеска си има човекот бесплатно предавање![]()
Колман да тоа прашање и јас си го поставив, еве вчера како реклама на фб видов дека земал солидна пара 2300 евра во една ден, а и како што кажува зима премногу "приходчиња" доволни за цела година да живееш.
Еве пример сака да сподели со другите па и другите да заработуваат како него, но јас мислам дека ни би го направил тоа затоа што самиот си ствара конкуренција ...
Вчера му пишам на фб го ладам му викам може во вашиот тим работам со ппд и зимам околу 2к долари месечно...
После некое време ми вракја..
- Еј братче ајде ке контактираме од Понеделник, па ќе ни кажеш како заработуваш толку многу пари па и ние да почниме со ппд ...