Подесување на W3 Total Cache

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk

W3 Total Cache е еден од оние моќни додатоци кај вордпрес кој што може да го забрза и оптимизира целиот веб сајт со само неколку подесувања. Одамна се размислував да пишам тема околу овој додаток и да кажам два три збора за него и неговите можности.
Пред да започнам да напоменам дека овој додаток лесно може да направи некој конфликт со сајтот кај што е инсталиран, така да внимателно подесувајте го.
Нема да објаснувам опширно за тоа што е Minify, CDN, Database Cache но доколку нешто не е јасно слободно пишете.

Откако ќе го инсталирате додатокот најдолу во менито од вордпрес имате Performance. Кликнете на истото и ќе ви се отвори Dashboard делот. На почетокот имате Compatibility Check за да се осигураме дека се ќе биде океј, и дека хостот каде што ви е хостиран сајтот без проблем ќе го прифати W3 ќе направиме една проверка. Ќе даде некои стандардни информации за хостот (Php верзија, FTP поддршка).

Потоа од менито General Settings се главните подесувања, па така да ќе идеме по ред.

Page Cache - кеширањето на вашиот веб сајт на хостот ќе го забрза секое наредно вчитување на страните. Доколку вашиот сајт е на shared хостинг изберете Disk Enhanced, но ако сте на дедициран или VPS тогаш XCache е она кое се препорачува.
Кликнете на Enable и потоа на Save all settings. Доколку претходно немате подесено Permanent Links ќе ви се појави известување каде што тоа едноставно може да го подесите, не е ништо комплицирано.

Напредно: Одете во Page Cache од менито и селектирајте:
Cache posts page, Cache feeds: site, categories...,Don't cache pages for logged in users (слика).
Од Advanced подолу селектирајте го Compatibility mode.

Minify - This is where the magic happens! :) Намалувањето на времето при вчитување на вашот сајт со тоа што ќе намали големината на одредени JS/CSS/HTML фајлови. Кликнете на Enable и зачувајте ги промените.

Напредно: Одете во Minify од менито и селектирајте:
Селектирајте од General: Rewrite URL structure и Disable minify for logged in users, Error notification подесете по желба. (слика).
Селектирајте од HTML minify settings: Enable, Inline CSS minification, Inline JS minification. JS minify settings: Enable (слика).
Ако сајтот е многу активен се додава многу содржина (објави) намалете во Advanced на 21600 наместо 86400, во спротивно оставете го како што е по дифолт.

Database Cache - кеширање на датабазата не препорачувам, едноставно и не ми прави некои големи промени. Нема потреба од кеширање локално, но може да го активирате доколку сакате или доколку вашиот сајт прави премногу requests.

Object Cache - исто и ова нека стои исклучено.

Browser Cache

Напредно: Селектирајте од General: Set Last-Modified header, Set expires header, Set cache control header, Set W3 Total Cache header, Enable HTTP (gzip) compression (слика).


Или за оние мрзливите кои не го читаа постов можете истите овие подесувања да ги симнете и да ги импортирате. Симнете ја архивава, отпакувајте ја и прикачете го php фајлот само.


Постот ќе го дополнам...
 

CrAzY_MaN

Нов член
Зачленет/а
30 јануари 2012
Мислења
13
Реакции
8
Веб-страница
pretpriemac.mk
Добро ти работи Minify ? - На многу портали каде што го имав активирано ми ги блокираше јс скриптите и буквално ништо не ми работеше на порталот ( слајдерот, менито ... ) , па морав да го исклучам , моментално го користам ова од Cloudflare но некако не сум задоволен ...
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Добро ти работи Minify ? - На многу портали каде што го имав активирано ми ги блокираше јс скриптите и буквално ништо не ми работеше на порталот ( слајдерот, менито ... ) , па морав да го исклучам , моментално го користам ова од Cloudflare но некако не сум задоволен ...

Па ми се случи и таков проблем на еден eCommerce сајт и сето тоа се среди со додавање на Exclusion кое го има во Minify од Performance менито со тоа што нема да го Minify-ра тој .js фајл.
Зависност од темите некои и имаат конфликт при Minify така да има и решение за тоа :)

Предлагам да не го користиш Cloudflare или доколку сакаш да користиш таков сервис користи го Incapsula кој и ИБиз моментално го користи. Погледни ги нивните пакети. Бесплатниот е на 50GB што ако не ти е сајтот нешто многу активен доволни ќе ти бидат. Цените се поевини од Cloudflare.

Ако треба нешто друго слободн пиши.
 

Dimemk

Активен член
Зачленет/а
9 април 2012
Мислења
254
Реакции
39
Веб-страница
infospot.com.mk
Имам два проблеми кои се појавуваат независно еден со друг. Користам Wordpress, темата е Sahifa 3.4.1

Кога го активирам едниот проблем се јавува после 2 саати активиран плагин - ми прави дисејбл на темплејтот, целата веб страна или поедини постови ги прави под дифолт плави и нема ништо од темата...

Вториот проблем е кога го активирам пак ништо не функционира а ја покажува темата, слајдер не работи, виџети не функционираат раштркани ги покажува, буквално се што е активирано не работи.

И како трето без овој плагин страната е премногу слаба на оптимизација...

Некој помош совет ?
 
На врв Дно