stefan_v
Ninja
Ова може некој го знае, може не, но очигледно е дека многу луѓе не се ни свесни за ова, а можат да го искористат.
Значи многу често ни се потребни многу е-адреси. Адреси кои се валидни и секогаш ќе бидат. Но...може ќе ни треба и 10 минути да отвориме еден, што е тешко замарање. Нема да бидете оставени на милосрдност или немилосрдност на бесплатните меил сервиси(gmail, hotmail, yahoo, не се единствени али најпопуларни се).
Може сте користеле привремени адреси од по 10 минути(какоhttp://10minutemail.com/) или колку и да се, мејлот после се губи сосе адресата. Прилично непрактично.
Што ако можете да имате неограничен број на адреси, притоа да не морате ни да ги креирате, а уште подобро да ги имате на ваш сопствен домен, а притоа да ги имате благодетите на популарните и јаки емаил сервиси? Едноставно е предобро. Нема више утната capatcha, пишување имиња и отварање мејлови секој пат кога ќе ви притреба.
Потребно:
-Домејн(каков било, преку тој домејн ќе ги примате мејловите)
-cPanel хостинг(Најверојатно премиум, а најверојатно може и на друг вид панели ова).
-адреса на популарен меил сервис како hotmail, gmail, yahoo mail... Советувам да си отворите нов, иако можете да си го користите стариот, кај сте навикнати и ви е удобно.
Идеата:
Секој меил кој е испратен на невалидна адреса(која не постои) да биде проследен(forward) до некоја имеил адреса(на некој популарен сервис).
Насоки:
Логирајте се на вашиот cPanel и кликнете како на сликата.

Потоа:
-Кликнете Forward to email address
-Во полето 2(на сликата), пишете ја адресата на која сакате да ви стигаат мејловите

Кога ќе треба да користите ставите меил, не го креирате, туку само го ставате и ја проверувате адресата.
Пр. Се зачленувате некаде и ви бараат адреса. Не отварате нова, туку пишувате било што како zaclenuvanjenegde@domenot.com a мејлот ви стига на вашиот вистински меил(може и fdsgjlfkjg4jlkgj@domenot.com ). Ова е супер ако имате лимит на вашето веб сандаче кај вашиот хостинг, а вака е и побезбедно бидејќи се проверува со напредни техники на откривање спам(се е во вашиот вистински меил). Ова е и супер ако некаде сакате да го дадете мејлот а има шанси да ве спамираат.
Кога не сакате више да ви стигаат мејлови од некоја адреса, тогаш одете Email Accounts(како што одидовте за Default Address), и креирајте сметка за тој акаунт. Мејловите се задржани, а ставете многу мал Mailbox Quota, како 1 mb(0 мислам дека беше неограничено). Мејловите ќе бидат бришани автоматски одкако е наполнето сандачето, а вие нема да се замарате.
Се надевам дека ќе ви се најде(и повеќе од сигурен сум).
Ако имате некакво прашање, слободно пишете подолу. На располагање сум.