На почетников му требаат совети

Дискусија во форумот 'Почетник си?' започната од Prod1gy, 29 Август 2016.

  1. Prod1gy

    Prod1gy Нов член

    Зачленет:
    24 Август 2016
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Почетник овде и незнам од кај да почнам и на кај да одам.
    Како прво да ви кажам дека немам работено ништо online/freelance само имав направено акаунт на Fiverr и само една нарачка добив, ја направив и ми дадоа 4$ и толку бидна.
    Работи кои Неможам да ги работам: веб дизајн, графички дизајн, нешто поврзано со економија и слични пресметки
    Што навистина можам добро да сработам: се во врска со медицина и сите други медицинско/биолошки гранки. И тие предмети што немам ги слушано и полагано знам од која литература да црпам квалитетни информации.
    Инаку имам и искуство со диети за слабеење и тежински тренинзи.
    А и за други видови на заработка сум отворен да научам ако има од кај да се учи и да пробам начини на заработка без вложување зошто сум шкрипац.
    Целта со онлајн работење ми е да си вадам некоја си пристојна сума на месец (колку да се покријат некои основни студентски потреби) е сеа сумата со која би бил супер задоволен е 50-100е месечно (ако има и повеќе не се бунам али сепак ограничен сум со време преку годината зошто учење и слични работи па не би се превземувал ептен захтевни работи).
    Би сакал ваш предлог/мислење за да се пронајде нешто и да се проба додека сум слободен.
    Фала однапред.
     
  2. kiko

    kiko Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    106
    Welcome! :)
    Прво би ти препорачал да читнеш малку низ форумов иако интернетот нонстоп се менува бидејќи си почетник има полно работи што ке ти користат.
    Тоа што го знаеш за диети и слични работи можеш да почнеш со тоа и барај низ форумов некој начин на кој би го искористил тоа.
     
    На Prod1gy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Prod1gy

    Prod1gy Нов член

    Зачленет:
    24 Август 2016
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Може ли да ми посочиш точно на кои делови од форумов да се држам повеќе, да не залутам во некои делови да читам кај што ептен не сум за таму? (знам дека ќе кажеш дека ништо не е грешка али сепак да имам некој си план на одвивање).
     

Сподели: