Фејсбук рекламирањето нуди доста многу можности за луѓето кои водат некаков бизнис со помош на фејсбук може да дојдете до голем број на таргетирани корисници на вашата фан страна, апликација или веб страна. Решив сликовито да ви го објаснам како е процесот на креирање реклама на фејсбук. На што да внимавате и друго. Прво што треба за да започнете да креирате реклама е да кликнете на овој линк, ќе ве однесе до првиот чекор каде што вие ќе треба да ја дизајнирате вашата реклама (СЛИКА).
Првиот чекор е едноставен, треба само да изберете дали се работи за линк, фан страна или апликација со избирање од “Destination“, потоа да пишете линкот доколку се работи за веб страна, наслов и краток текст. Доколку вашата страна е добро средена фејсбук одма ќе го најде логото, но исто така можете вие да прикачите нешто по ваш избор.
Вториот чекор е таргетирањето. Треба да одредите која група на фејсбук корисници да ја гледа вашата реклама на фејсбук, локација дали ќе биде само за Македонија или за повеќе држави, која годишна возраст да бидат истите и друго (СЛИКА). Исто така може да одредите и интереси доколку вашиот сајт е за Интернет Маркетинг ќе пишете интернет маркетинг во празниот простор. Подолу имате напредно за тоа кои групи сакате да ги опфатите и друго.
Третиот чекор е одредување на цената на рекламата и за тоа кога таа да се појавува, која валута ќе се користи за плаќање и друго (СЛИКА). Избирате валута со која ќе го платите ова рекламирање како и буџет за тоа колку ќе се рекламирате просто кажано. Минимум е 1$ на ден, и најдолу ќе ви пишува колку ќе чини 1 клик според вашите подесувања.
Четвртиот чекор е плаќањето на рекламата. Имате 2 начини: Paypal или кредитна картичка (СЛИКА). Доколку изберете PayPal ќе бидете пренасочени до страната за плаќање а доколку изберете кредитна картичка ќе треба да ги пополните празните полиња со ваши информации. Кај оваа опција може да користите и купон доколку имате (СЛИКА). Откако ќе пополните од вашата картичка ќе ви биде подигната одредена сума.
Потоа ќе можете да пристапите до вашиот панел каде што ќе имате целосна статистика на вашата реклама, колку кликови на ден и се друго...Доколку имате нешто нејасно слободно прашајте.
ИБиз како форум за интеренет бизнис и маркетинг уште на почетокот направи планови за рекламирање и тоа како луѓето да дознаат за нас па така нашата реклама може да ја видите и на гугл и на фејсбук, а еве како изгледа: