Крадење на објави - македонски законик

dreamer

Активен член
Зачленет/а
3 мај 2012
Мислења
291
Реакции
93
Здраво, дали постои закон во нашава земја со кој можам да си го заштитам трудот?
Пример,
1) Имам веб страна и објаувам статија, за 10 мин гледам истиот текст ископиран буквално на друг сајт, дали можам да го тужам? (Имам наведено во "политика за приватнос и користење" дека не е дозволено користење)
2) Дали тој некој што ќе ископира статија од мој сајт И вметне backlink до мојата страна..? Фала
 
Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
1. Дали си се обидел да ги контактираш и да им кажеш за содржината која е украдена од твојот сајт и да ги запознаеш со законите?
2. Зависи од правилата што ги имаш објавено, доколку дозволуваш земање на содржина со оставање на извор, тогаш тој си се заштитил (делумно) со тоа што оставил линк.

Доколку си фирма имаш можност да го тужиш веб сајтот и да наплатиш според твојот ценовник, пример:
1. Новинар - 3500 ден
2. Фотограф (за сликата ако е твоја) - 2000 ден
3. Лектор - 1500 ден
или втората опција е да видно на твојата страна пишеш дека секое копирање на содржина од сајтот ќе чини одредена сума на пари, пример: 20.000ден.

Не ме држи за збор но ќе се распрашам и ќе ти пишам точно (доколку добијам одговор), но мислам дека сето ова спаѓа во Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем член 251 и 251-а од кривичниот законик.
 
Фала, доволно беше и ова.
 
На врв Дно