Кои услови треба да ги исполнува страницата за Adsense?

Дискусија во форумот 'PPC' започната од silfiriel, 12 Ноември 2011.

  1. silfiriel

    silfiriel Нов член

    Зачленет:
    7 Ноември 2011
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    8
    Професија:
    Internet survivor
    Кои услови треба да ги исполнува вашата веб страна за да може да ја монетизирате преку Adsense?

    Најпрво да ја појасниме процедурата како се станува adsense партнер (место publisher натаму ќе го користам терминот партнер).
    Јас започнав со adsense пред 4-5 години и постапката тогаш беше многу поедноставна, сега благодарение на Seophisticated еве апдејт како се станува adsense партнер:

    “ За да бидете прифатени од Adsense програмата сега треба да имате:
    - Среден сајт со повеќе од доволно содржина, според мене над 40 артикли.
    - Обавезно морате да имате Terms of Service, Privacy policy и Contact.
    - Треба да имате и одредена почетна количина сообраќај.
    - Сајтот треба да ви биде убаво уреден според прeпораките на гугл.

    Процесот на одобрување е таков што во прва фаза вие отварате акаунт и после неколку саати веќе ќе можете да влезете на истиот, но откако ќе влезете за дополнително одобрување ќе треба да направите реклама и да ја поставите на вашиот сајт. Така што google детално ќе го анализира вашиот сајт и после неколку дена ќе добиете одговор дали сте примени во Adsense програмата или не. “

    Значи вака:

    1. На веб страната/блогот/ форумот мора да имате Privacy Policy (која всушност се однесува на Dart cookie, кое не знам како ама е врзано за рекламите кои ќе ги сервира Гугл). За контакт оставете мејл, иако мислам дека доволно е да има можност за коментари било каде на страницата. TOS и јас се уште немам :). Еве пример за Privacy Policy.

    2. На страницата не смее да има содржини со голотија, порнографија, алкохол, оружје и наркотични средства. Може да има слики со жени/мажи во долна облека, меѓутоа ништо прозирно :) и жените не смеат да бидат топлес. Исто така пишувана порнографска и еротска содржина е забранета како и поттикнување на користење оружје, алкохол, наркотични средства. Со други зборови избегнувајте се што е врзано со порнографија, оружје, алкохол, дрога.

    3. Иако може да користите и други огласувачки платформи заедно со adsense, кога аплицирате за зачленување избегнувајте какви и да било други реклами на страницата. А посебно поп-ап реклами, landing page реклами или роловер. Исто така не смее да има никакви други поп-ап прозорци кои би ја прекриле содржината на страницата. Дури би било добро доколку имате lightbox за слики да ја деактивирате таа функција. Исто така ако користите и друга огласувачка платформа или директно продаватае место за реклами гледајте да не се слични со тие на Гугл.

    4. Не смеете да ги поттикнувате посетителите да кликаат на рекламите. На било кој начин, значи што и да смислите, колку и да е суптилно немој да го правите. Може да ставите над огласите наслов како Sponsors, Sponsored Links, Ads и толку, значи без волку волку кликни овде и толку. Или еве примери како не: download here, click here, get a prize, илустрации со стрелки кон рекламите или флеш банери, ништо од тоа.

    5. Без мета-тагови и скриени клучни зборови кои не се соодветни на содржината на вашата веб страна. Ова го напоменав и во првиот пост.

    6. Не смее да добивате сообраќај од страници со сомнителна содржина или пак од пребарувања на гугл поврзани со (погодете) оружје, алкохол, дрога, порнографија и други девијантни појави....

    7. Без копи-пејст содржина, односно гледајте да имате што пооригинална содржина. Доколку имате страна за вести, веста е таа, не може вие да ја измислите, ама да ја ископирате од збор до збор заедно со хот-линкс до сликите е тоа е веќе лошо. Многу лошо.

    Има уште неколку помали правила, меѓутоа придржувајте се до овие и се е во ред.

    На кратко кога ја креирате страната гледајте да биде таква каква што вас би ви било ќејф да ја посетите, и да поминете одредено време на страницата.Значи сетете се на се што ви смета кај некоја страна и не применувајте го на вашата.

    Толку за сега. Позздрав. Коментирајте, критикувајте, прашајте, дополнете.
     
    На Monstrum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jassum20

    jassum20 Нов член

    Зачленет:
    17 Март 2014
    Мислења:
    39
    Допаѓања:
    4
    Ќе се надоврзам на точка 7. Гледам голем број сајтови кои имаат копирано од збор до збор и наведуваат извор од каде е превземена содржината и сеуште имаат AdSense. Дали тоа значи дека можи да се користи таков начин, или пак да се измени дел од артиклот, но сепак да се наведи изворот?
     
  3. AleksandarJ

    AleksandarJ Активен член

    Зачленет:
    18 Април 2014
    Мислења:
    263
    Допаѓања:
    97
    Професија:
    Article writer
    Според мое мислење и искуство - копирање текстови, квалитет на содржина и тн. не игра многу улога за да добиеш право на користење на адсенс. Проблемот настанува кога почнуваш да заработуваш и особено кога ќе пробаш да повлечеш. Тогаш те чешлаат потемелно. Кога почнав пред 6-7 години отворив блогче на блогспот за кладење типови - немаше буквано ништо на него само кој ден е и нешто во стил здраво да видиме што има за денес и типовите. После две недели секој де постирав такви блог постови аплицирав и ми одобрија за 24 саати. Почнав малку по малку да зголемувам посетеност и дојдоа првите неколку евра и ми пишаа од адсенс дека не дозволуваат кладење и ми ги укинаа рекламите. Така да фокусирајте се на уникатна содржина и би требало се да биде во ред.
     
  4. StalkeR

    StalkeR Нов член

    Зачленет:
    9 Ноември 2011
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    кога сите почнаа да работат па и заработуваат решив да пробам и јас. :)

    На кратко, земав домејн, хост, кренав вп, тема, почнато и со некоја статија... Па ме интересира за делот дека бараат одреден трафик да има на страната. Ме интересира колку е тој одреден трафик(колку посети и слично), бидејќи моментално немам лајкови на пејџот на фб, ама шернувам на твитер и има некој клик од страна (US & China).
    Благодарам, поздрав.
     
  5. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,899
    Допаѓања:
    770
    Па од досегашно искуство и нема некоја “граница“ колку трафик треба да има минимум сајтот за истиот да биде одобрен, но јас би рекол дека дневно доволно е 500 уникатни посети како би имало ефект. Сепак аплицираш за гугл адсенс каде што треба да има реклами и некој да клика на нив, а од друга страна неможеш да донесеш доволно посети малце е чудно.
    Инаку еве неодамнешен случај кој го имавме беше да страната имаше редновно 500-1000 вкупно посети, и чекавме некаде 12 дена за да одобрат, што беше и најдолго чекање :)
     
    На StalkeR му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: