• После 10 години постоење, дојде моментот кога треба да се збогуваме! ИБиз ќе згасне на 1ви ноември 2021.

Кога би бил ваш ИБиз...

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Што би промениле доколку ИБиз е ваш? Вие сте сопственици и сакате се најдобро да биде, што би додале/измениле кај ИБиз?
 

Chuck Norris

Активен член
Зачленет/а
28 декември 2011
Мислења
250
Реакции
33
Веб-страница
google.com
Реферал линкови се забранети
Ова би го дозволил. Незнам зошто стана универзално правило на сите форуми но ако некој ебано се мачел да напише туторијал за добра заработка/др и да неможе да остави линк тогаш е навистина глупо. Секако сега ќе каже некој па нека пише „Прати ми ПП за линк“. Но ако појдете сами од себе ќе видите дека ниту вие не би пратиле линк па да чекате тој да ви одговори со реферал линкот за да се регистрирате вие...

Гледање слики = 10 позитивни поени
Гледање линкови = 10 позитивни поени
Симнување додатоци (attachment) = 20 позитивни поени
Праќање приватни пораки = 20 позитивни поени
Ова исто така незнам дали важи бидејќи јас имам 5 позитивни поени а можам да испраќам приватни пораки но е многу глупо затоа што не постои навика за давање на репутација на корисни постови.
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Ова би го дозволил. Незнам зошто стана универзално правило на сите форуми но ако некој ебано се мачел да напише туторијал за добра заработка/др и да неможе да остави линк тогаш е навистина глупо. Секако сега ќе каже некој па нека пише „Прати ми ПП за линк“. Но ако појдете сами од себе ќе видите дека ниту вие не би пратиле линк па да чекате тој да ви одговори со реферал линкот за да се регистрирате вие...


Ова исто така незнам дали важи бидејќи јас имам 5 позитивни поени а можам да испраќам приватни пораки но е многу глупо затоа што не постои навика за давање на репутација на корисни постови.

Системот со репутација моментално го средува Томче и би требало да има промени тука. За тие кои ќе пишуваат туторијал ќе може да стават реферал линк но тоа ќе биде понатака иначе користење на реферал линкови кај обични членови нема да има затоа што ќе почне да се злоупотребува и тоа не се случува само на овој форум туку на сите светски форуми тоа го знаеш и самиот ти.

Очекувам мислење и од други членови...
 

Zeratul

Член
Зачленет/а
15 март 2012
Мислења
91
Реакции
15
Системот со репутација моментално го средува Томче и би требало да има промени тука. За тие кои ќе пишуваат туторијал ќе може да стават реферал линк но тоа ќе биде понатака иначе користење на реферал линкови кај обични членови нема да има затоа што ќе почне да се злоупотребува и тоа не се случува само на овој форум туку на сите светски форуми тоа го знаеш и самиот ти.

Очекувам мислење и од други членови...

1. Абе што е тоа систем за репутација?
Двајца - тројца ќе се договорат и ќе си кликаат и ќе изградат репутација.

2. Реферал линкови!
Суштината на И.Бизот е во тоа. Дај да пуштаме линкови да ги представиме и да почнеме сите да работиме и да печалиме. Вака никој нема зошто да пишува и да објаснува ако нема никаков чар од тоа.

3. Дел - КУПУВАМ/ПРОДАВАМ!
Ако некој нуди пакет линкови, СЕО, правење на веб страна или пак му треба некаква услуга - да може да понуди и побара.
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
1. Абе што е тоа систем за репутација?
Двајца - тројца ќе се договорат и ќе си кликаат и ќе изградат репутација.

2. Реферал линкови!
Суштината на И.Бизот е во тоа. Дај да пуштаме линкови да ги представиме и да почнеме сите да работиме и да печалиме. Вака никој нема зошто да пишува и да објаснува ако нема никаков чар од тоа.

3. Дел - КУПУВАМ/ПРОДАВАМ!
Ако некој нуди пакет линкови, СЕО, правење на веб страна или пак му треба некаква услуга - да може да понуди и побара.


1 Не е баш така и сега неможе постојано репутација на еден член да даваш а со тек на време ке се оделат квалитетните членови
2 објасни аце ке има реферал линкови али не за сите, очекувајте промени во таа облас
3 ке има и за оваа измени овие денови
 

Milton

Истакнат член
Зачленет/а
17 ноември 2011
Мислења
360
Реакции
131
ок.. еве ги и моите два центи (или во нашиов случај.. два денари) мисла.

пред се.. се слагам со колегите погоре за referal линковите.. сум го побарал и јас порано, ама оставено е на муабет: ќе биде.

тогаш..

1. да беше мој иБиз.. ќе ги направев промените многу порано.. уште пред да го направев форумот или кога ќе стигнеа бар 50 луѓе да се регистрираат и активно да учествуваат. на неколку пати имало разни иницијативи за некои промени.. некои се ислушани, некои занемарени а за повеќето е муабетот дека ќе има промени.. евентуално. а во меѓувреме луѓето си доаѓаат, се регистрираат, ќе остават некој чат-пат коментар и ќе си отидат.

2. да беше мој иБиз ќе се радував кога ќе почнат да доаѓаат момци и девојки кои веќе работат интернет маркетинг и имаат разработени веб сајтови, блогови, системи и би ги контактирал директно за да ги поттикнам да остават свој белег, да го пренесат своето искуство, дали преку нивно интервјуирање или да си ја напишат својата приказна во неколку кратки параграфи. верувам дека ако некој заработува, ќе сака да сподели со другите.. да ги поттикне и окуражи.. дека од интернет може да се заработат пари.

- друштво.. ние не сме си конкуренција едни на други. конкуренција ни се американците кои го имаат кешот и можат да ги платат индијците, филипинците и пакистанците за ултра-ефтини пари да им работат којекакви работи. затоа ние мора да бидеме многу покреативни и да работиме многу повеќе за да се најдеме во некоја стабилна златна средина.

3. да беше мој иБиз, ќе отворев една категорија: "Рецензии" каде некој кој има некоја книга, туторијал, WSO или што и да е, да го објави дека го поседува и да се јават доброволци кои ќе се нафатат да го прочитаат тоа и за тоа да напишат рецензија. така би имало повеќекратен win. за оној кој го прочитал - ќе добие знаење и ќе го пренесе знаењето и за тоа ќе добие репутација. за останатите, добивката е дека ќе добијат компресирано знаење и наместо да потрошат неколку саати во читање, слушање или гледање, ќе добијат клучни точки од кои можеби ќе се инспирираат да направат нешто слично, да го надоградат тоа што го прочитале и на основа на тоа да дејствуваат.

- кај мене на компјутер имам еден куп WSO-а.. што од нив сум платил, што сум ги собрал негде попат на интернет. ама најважното од се е тоа дека ниту еден WSO не е вистински blueprint кој ќе ти каже step-by-step како да заработиш пари, туку е прашање на читање и размислување што можеш да подобриш од тоа што го имаш прочитано, да го надоградиш и да изградиш сопствен систем.

4. да беше мој иБиз ќе му се обратев на viksa_mkd или кој и да се најде храбар за да го сподели своето искуство во форма на дневник и ќе му понудев да организираме заеднички webinar во кој ќе ги објасни (детално) своите методи на успех. и да, би го наплатил тој webinar (300 денари.. 500 денари.. whatever), па кој сака да научи детали, ќе плати и затоа што ќе плати ќе ја знае вредноста на инвестицијата која ја направил во себе и на основа на тоа ќе се поттикне да направи нешто за да си ја врати инвестицијата. ако не направи ништо, ондак никој не му е крив.

5. да беше мој иБиз, би отворил приватна секција и би ја крстил MasterMind Group каде пристап ќе имаат оние кои навистина придонесуваат на форумот. тоа е вистинското место каде ќе се најдат вистинските луѓе за да се направат вистинските JV-a. кога новите посетители ќе дојдат на форумот, ќе видат дека има една скриена секција и ќе сакаат внатре. епа за да влезат внатре, ќе треба да се потрудат. (а добро знаеме сите дека она што ни е недостижно, најчесто највеќе и сакаме да го достигнеме.. иначе немаше да постои форумов.. или интернет маркетингот и се поврзано околу тоа.)

6. кога сум веќе на тема JV.. да беше мој иБиз, ќе го искористев како начин на регрутација за луѓето кои покажуваат квалитет и знаење и би ги организирал за да се направи некој инфо-продукт, електронска книга, веб сајт, систем на заработка и би го искористил колективното знаење за тој продукт да се понуди на affiliate сајтовите, да се измаркетира, други да го продаваат а профитот да се распредели помеѓу оние кои учествувале во изработката на продуктот.

- го ценам тоа што некои од членовите на иБиз активно работат на fiverr или microworkers или кликаат на surveys или гледаат глупи реклами. тие активности се кикирики во споредба со она што може да се заработи ако навистина се запне. не ме сфаќајте погрешно, ама ако некој ми дал работа и за да ја завршам таа работа ми требаат повеќе од три саати а сум ја наплатил 5 долари.. т.е. 4 долари (после commision) тоа се.. колку... 180 денари? па боље ќе работам на шанк у Дојран и ќе заработам повеќе пари.

7. да беше мој иБиз, ќе делев месечни награди за оние кои најквалитетно придонесуваат на форумот.. и не.. не мислам на репутација.. туку мислам на купони за Facebook ads или Google AdWords или награда би било некој курс за дизајнирање на Wordpress сајтови, или награда би било, на тој/таа кој ќе придонесе квалитетно да му се даде попуст за закупување простор на мој сервер кој го имам како reseller, за да може да си крене свој сајт или блог и од прва рака да искуси како се прави тоа, наместо залудно да се обидува да маркетира free блог.


ок.. се навратив да го прочитам она што го напишав и капирам дека од предлозиве кои ги напишав, некои се надополнуваат а некои па меѓусебно се исклучуваат. без разлика.. нека ги.. идеи се.. ама ко што вика стариот ми мој: од сто идеи, една да се фати, синко, ти си на коњ :)
 

makedon4e

Член
Зачленет/а
21 ноември 2011
Мислења
117
Реакции
2
Одлично напишано Милтон, скоро во се се согласувам.

Би сакал да додам, дел за размена на банери помеѓу оние кои имаат сајтови би можело да биде добра идеја, или нешто слично.
 

Zeratul

Член
Зачленет/а
15 март 2012
Мислења
91
Реакции
15
- друштво.. ние не сме си конкуренција едни на други. конкуренција ни се американците кои го имаат кешот и можат да ги платат индијците, филипинците и пакистанците за ултра-ефтини пари да им работат којекакви работи. затоа ние мора да бидеме многу покреативни и да работиме многу повеќе за да се најдеме во некоја стабилна златна средина.

Батка... Алал да ти е на муабетот. За се се сложувам ама ова што го цитирам се обидувам да го промовирам во мојава затворена заедница на интернет маркетери повеќе од 2 години.

Луѓето во оваа земја се делат на два вида... Имаш македончиња и имаш МАКЕДОНЦИ.

Е повеќето се македончиња. Тоа е проблем што оваа земја не оди напред. Секогаш секој гледа колку ќе добие ама гледа колку ќе добие и другиот. И ако другиот земе едно црвливо јаболко повеќе, ќе го откаже бизнисот и ништо нема да бива од сите и ништо нема да има за сите...

Јас би сакал да се дружиме и да менуваме искуства ама да биде како што треба и да се знае кој е кој... Ако чиракот се праи поголем од мајсторот ич да не си го губиме времето...
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
милтон фала на опширниот текст еве одгово за се :)
1. Секогаш има промени, форум се надоградува непрекинато и тоа го правиме заедно, вие кажувате сугестии ние преземаме нешто за да ги направиме, неможе преку ноќ се да биде.
тоа што некој дошол и си отишол ги има таквите членови доста и ретко кои се нафаќаат за интернет заработка

2. токму мојата поента под 1. јас би посреќен бил доколку имаме 100 члена што заработуваат и споделуваат искуства отколку 1000 што едвај пишат по нешто и тоа неповрзано

токму така, и не сакам тука членовите меѓу себе да се гледаат како конкуренција, мала држава а уште помалку што заработуваат преку интернет и заедно сме посилни :)

3. има дел и за тоа Е-книги и туторијали - ИБиз Македонија

4. За оваа е уште при стартување на сајтот дискутирано ке има бидете сигурни, само чекаме погоден момент за зголемување на заедницата (повеќе искусни дечки)

5. И скриена секција ке има, додуше веќе ја има (не ја гледате)
6. ЈВ секција ке има а за второто исто како под 4. да добиеме уште малку искусни дечки.

- не секој има искуство за нешто поголемо, но се надеваме благодарение на ибиз ке стекне искуство за повеќе. на фивер и јас работам али највеќе поради собирање потенцијални клиенти. со кои земам доста повеќе од тие 4$ , така да не омаловажувај некој сервис

7 награди како мотивација хммм ке биде и оваа разгледано а може и вклучено заедно со донации


и за крај, правилата веќе се ажурирани за реферал линкови, викендов ке биднат пуштени неколку категории/сервиси,... ке биднете додатно известени :worker:
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Темата беше отворена за да ги слушнеме вашите мислења и да го прилагодиме ИБиз според некои ваши идеи кои секако би биле добри да се имплементираат.
Благодарам за сите ваши идеи и забелешки!
 

Hristijan :)

Нов член
Зачленет/а
5 април 2012
Мислења
51
Реакции
0
Па незнам дали сум во право или не али еве ќе кажам.
Мислам дека треба (јас да бев ќе ставев) генерална дискусија за општи работи
Зошто ?
Епа ние сите имаме слични или исти мислења кон иБизот и општо кон интернет маркетингот но дали имаме исти мислења надвор од тоа. Еве пример дали сите на ист или на сличен начин би направиле нешто надвор од иБизиот. Така ако се отвори нов борд за ваква дискусија.
Па ваше е да се одлучите
 

Hyper Freak

Нов член
Зачленет/а
18 јануари 2012
Мислења
43
Реакции
1
Незнам што би направил кога би бил мој... Никогаш не сум се ставил како член или сопственик на форум од овој тип.
Најверојатно би посветил повеќе внимание на измамите преку нет и оние не толку легални начини за заработка. Нешто за оние ептен мрзливите :D
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Повеќето од идеите се прифатени, ќе има уште па сакам да слушнам нешто плус доколку имате :)
 

antisec23

Баниран
Зачленет/а
3 јуни 2012
Мислења
66
Реакции
7
би било добро да ставите некои подобри Смајлиња
 

Vengeance

Член
Зачленет/а
27 февруари 2012
Мислења
73
Реакции
2
Веб-страница
antisportisti.com
Јас не сум многу по форумите (мислам на функциите, репутациите и сл. останати нејасни работи за мене :) ), но вака ми се допаѓа форумот. Активноста, функционалноста се на одлично ниво. Мене тоа ми е најбитно!

Ако нешто не работи, што ќе ти репутации, правила, и сл... :)
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Откако променивме платформа што би предложиле ново?
 

Rocky

Член
Зачленет/а
15 јуни 2012
Мислења
31
Реакции
4
Што би промениле доколку ИБиз е ваш? Вие сте сопственици и сакате се најдобро да биде, што би додале/измениле кај ИБиз?
Domainot Ibiz.mk би го направил портал а на нов podDomain pr. forum.ibiz.mk , ibiz.mk/forum би го префрлил форумов :)
 

POWER

Активен член
Зачленет/а
31 декември 2011
Мислења
438
Реакции
46
Веб-страница
filiptodorov.info
Кога би бил мој, би дозволил секој член да може да си го менува мислењето, а не ако не го измене у тие 30 минути или колку е да неможе више.
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Кога би бил мој, би дозволил секој член да може да си го менува мислењето, а не ако не го измене у тие 30 минути или колку е да неможе више.

Менување на мислење е 10минути по тие 10минути членот неможе да го измени неговото мислење. Ова е направено вака од безбедносни причини.
 

Bubo

Активен член
Зачленет/а
16 јули 2012
Мислења
252
Реакции
95
Менување на мислење после 10 минути. И ако измениш после тие 10 минути да пише, ---Променето на *датата* ---

Пошто вака ќе треба дупли мислења да има..
 
На врв Дно