Веројатно јас имам мала почетна предност затоа што јазикот ми е професија и од најмала возраст сум со него?
Anyway, откако ќе направам research на темата за која се бара да пишувам, оди отприлика вака -
100 збора - 1.5/2 минути
250-300 збора -15ина минути
500 збора -40+ минути
E сеа, пред некаде 10 дена се соочив со, за мене, најголемите текстови досега. Едниот требаше да е за Топ 15 фриленс сајтови (со истражување од нула, без никакви информации дадени однапред), а другиот за Топ 10 Ајфон апликации за мерење време (исти правила).
Првиот сосе research, сосе пишување на конечната верзија (без поправки) ми одзема нешто над 2 и пол часа, за 1450+ зборови. Вториот излезе помал, со 961 збор (точната цифра ја помнам

) и ми одзема 1 и пол час. Потоа, следеа уште 30ина минути во преправки од текст, рефразирање, текнување на подобри синоними и слично.
Но да, голема улога игра и темата за која се пишува. Пример, кога некој би ме замолил да пишувам за архитектура и/или некој медицински феномен, веројатно поштено ќе се искилавам додека да направам нешто солидно. Јазикот, граматиката и правописот секако ќе се на место, но зборувам за содржината... Е, со неа петпати ќе треснам глава од ѕид.