Како ја компонирате содржината на артиклот за еден производ

sash

Член
Зачленет/а
29 јануари 2012
Мислења
84
Реакции
28
Како ја компонирате содржината на артиклот на еден производ? Мислам дали измислувате, копирате, копирате и измислувате...и дали има некој SEO критериуми што треба да се задоволат?
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Најчесто доколку самиот не можеш да составиш текст за твојот продукт најмуваш некој writer да ти го пише за тебе. Доколку продуктот не е твој а сакаш да имаш уникатна тема или ривју тогаш или пишуваш сам или копираш некое ривју и го изменуваш со алатка која може да го направи и до 100% unique за пребарувачите како Google и други. 400+ words за добра содржина.
Дали на ова мислеше?
 

sash

Член
Зачленет/а
29 јануари 2012
Мислења
84
Реакции
28
Најчесто доколку самиот не можеш да составиш текст за твојот продукт најмуваш некој writer да ти го пише за тебе. Доколку продуктот не е твој а сакаш да имаш уникатна тема или ривју тогаш или пишуваш сам или копираш некое ривју и го изменуваш со алатка која може да го направи и до 100% unique за пребарувачите како Google и други. 400+ words за добра содржина.
Дали на ова мислеше?
Да, за пишување ревју мислев, не знаев дека постојат алатки за таа намена, можиш да именуваш некој такви?
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Една од бесплатните WEB алатки е :
Код:
http://spintaxer.com/
само ја копираш содржината и идеш Submit, и потоа зборовите кои ќе ти бидат обележани со сина боја кликаш на нив и можеш да го промениш зборот во друг сличен на него. Овој бесплатен сервис може да промени само еден збор но не и реченица па така да и не е нешто добар...

Исто така има и додаток за Wordpress кој е вграден во уредувачот и можеш да правиш промени, но овој додаток не е бесплатен.
Код:
http://thebestspinner.com
сега за сега е најдобар додаток за Wordpress кога се работи за Article spinning. Тука е и WP Spin
Код:
http://www.wpspin.com/

Од алатките најдобар е The Best Spinner затоа што автоматски ја надградува базата на зборови, исто така не е бесплатен па така да може да се најде некоја од постарите верзии на интернет...
 

Seophisticated

Истакнат член
Зачленет/а
4 ноември 2011
Мислења
196
Реакции
55
Spinner chief има бесплатна верзија и е одлична спинтакс алатка. Thesaurus фајлот е огромен и бројот на синоними е одличен. Но не препорачувам софтверски преработени артикли за веб страната, гугл има алгоритми кои ја препознаваат структурата и содржината на сајтовите. Spun артикли најдобро послужуваат за web 2.0 профили.

Креирање оригинална содржина за твојот сајт не е воопшто тешко, треба само да истражуваш, читаш и да ги користиш информациите. Не преработувајте артикли рачно со ваши зборови затоа што редоследот на речениците ќе остане скоро ист а гугл ова ќе го препознае како spun содржина.

За информации околу содржината која треба да ја напишете youtube е одлично место за пребарување. Има видеа кои можат многу лесно да ви послужат за креирање одлична содржина.

Мене одприлика ми требаат 20 минути за добар артикал од 450 збора.
Имам напишано преку 100 артикли и за други луѓе така што кога ќе се извежбаш не е тешко :)
 

Zeratul

Член
Зачленет/а
15 март 2012
Мислења
91
Реакции
15
Ако може копискејп да препознае дали е текстот копија тогаш може и гугл.
 
На врв Дно