Како до првиот проект на freelancer

Rocky

Член
Зачленет/а
15 јуни 2012
Мислења
31
Реакции
4
Доколку има поискусни што се занимаваат со Freelancer. Ако може да напишат некои совети како да се добие првиот проект.
СМЕР: ГРАФИКА
 

jassum20

Нов член
Зачленет/а
17 март 2014
Мислења
53
Реакции
7
И јас го имам истото прашање, како до првиот проект на freelancer или upwork, само да биди за blackbox testing или data entry. Или дали некој работи вакви работи, па да ми испрати refferal.
 

greatone

Нов член
Зачленет/а
2 октомври 2014
Мислења
25
Реакции
17
Ќе работиш скоро за без пари. Ќе се фалиш дека имаш огромно искуство но сега си регистриран на фриленсер, не користи "Hello Sir", "Dear Sir" и слични срања. После 5-6 проекти ќе дигаш на цена. И најважно е да бидеш упорен.
 

escape2007

Активен член
Зачленет/а
11 ноември 2013
Мислења
119
Реакции
28
Не може никој да ти каже како. Отвори ја страната и најпрвин започни со contests. Ќе ти биде полесно кога ќе победиш неколку контестс бидеејќи ќе имаш review. Коа ќе видат дека имаш добар review ќе те одбираат за проекти
 

martin_gj

Нов член
Зачленет/а
26 ноември 2011
Мислења
26
Реакции
7
Со оглед на тоа што работодавачите примаат повеќе 50 апликации, рачунај колку време ке им треба да ги прочитаат сите. Најпрво пополни го целиот профил и постави слика на која си насмеан/а.

Пр. како треба


Пр. како не треба


Второ, накратко во апликацијата претстави се, кои вештини ги поседуваш и идеално би било доколку имаш портфолио да му го испратиш да го погледне.
На почеток постави некоја помала цена од останатите.
 

Rocky

Член
Зачленет/а
15 јуни 2012
Мислења
31
Реакции
4
Победив на еден натпревар на Freelancer а пари нема на акаунтот , за колку време се префрлаат или прво треба да дадам фидбек?
 

Crnorizec

Нов член
Зачленет/а
22 јануари 2015
Мислења
20
Реакции
2
ај малку помош во врска со upwork
Before withdrawing funds, all non-U.S. persons must provide their W-8BEN tax information.
Legal Name of Business
Self-Employed individual or entity - as will be used on tax return
Што е ова tax information и што да пополнам? само име презиме?
 

Ilishev

VIP
Зачленет/а
11 јули 2013
Мислења
393
Реакции
237
Има некој тука што работи на Freelance или Upwork или би сакал да проба да работи?
 

Мане

Член
Зачленет/а
6 февруари 2014
Мислења
101
Реакции
17
Јас имам акаунт на упворк одамна имам и сеа од скорото пробувам да добијам некоја работа ама ништо незнам до шо е проблемот.
И дали може некој ако сака да ми напише Cover Letter??
 

Ilishev

VIP
Зачленет/а
11 јули 2013
Мислења
393
Реакции
237
Како до првиот проект на Freelancer/Upwork
Јас веќе запливав цела 1 година во овие води и работам како фриленсер на Upwork - смер SEO/ORM/Keyword Research/Competition Analyst. Во неколку црти ќе ви кажам што е најбитно при аплицирање за работа и какви информации или портфолио би ви биле потребни.
На профилот мора да имате:
- Super-Friendly содржина што ќе го предобие клиентот со самото читење (Спомнете го вашето работно искуство, професионализам и работи/алатки кои ги користите за работа).
- Оптимизирање на sub-heading (текстот под името) на пример (SEO / ORM / Keyword Researcher)
- Доколку имате било каков сертификат, супер би било да го прикажете
- Решете некој од курсевите кои ви ги нуди Upwork
- Вметнете портфолио од завршените работи
- Пополнете Employment History и сите слични полиња
Потрудете се вашиот Profile Score да достигне до 100% така што ќе добиете БЕЏ за Rising Talent.
За слика не е толку битна ама пак да не биде некоја што сте ја направиле дирек од кафана со :ziveli:


Апликацијата треба да содржи:
- Претставување
- Вашето работно искуство (напоменете некој компании каде што сте работеле - или пак напишете некој локални компании)
- Вашето искуство во индустријата
- Слични проекти на кој сте работеле
- Опис шот поточно би изработиле и какви алатки (платени или бесплатни) би користеле.


Во апликацијата не треба да вметнете:
- Зошто би ве избрал вас за проектот
- Проекти кои се премногу познати а дека вие сте ги изработиле (Пример спомнувате дека сте го изработиле логото на TP-Link или Verbatim :notwork:)
- Никогаш не се преценувајте дека ја владеете работата и слично се додека не стекнате добар рејтинг од клиентите!

Исто така доколку имате 10$ платете си премиум акаунт за 30 дена па така Upwork тимот ќе ви прати многу апликации за интервју за работа + ќе имате дупло повеќе конекции за праќање на апликации за работа.


Почнете со low-rate цена па како добивате клиенти и feedbacks накачувајте ја цената. Јас почнав со 3.5$ од саат, па постепено на 7$ качив па сега за сега сум 12.5$ на саат и се надевам ако ми расте Rating Score & Feedbacks ќе расте и мојата саатнина.

Се надевам дека малку од малку ви помогна ова!

Поздрав & со среќа!
:gangnam:
 
На врв Дно