Како до подобар веб сајт!

martin

Нов член
Зачленет/а
11 ноември 2011
Мислења
16
Реакции
0
Ве молам доколку има некој веб дизајнер овде нека напише
неколку совети за подобра веб страна
што сакаат клиентите ?
како до повеќе посети и друго
Поздрав
 

kon

Истакнат член
Зачленет/а
12 ноември 2011
Мислења
1,195
Реакции
304
Веб-страница
darkoefremov.com
Добра содржина, уникатнос и добро водење на истата... сега зависи ти што сакаш, зависи каков веб сајт сакаш... ако ти е за портфолио, гледај да биде уредно и спастрено, гледај што не ти се допаѓа кај другите, и не ставај такви работи кај тебе ( ова го видов од adsense темата за допаѓањто :p )
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
што сакаат клиентите ?
клиентите што сакаат тоа и им правиш, се разбира тука има одреден компромис, али тоа си зависи од тебе како убедувач, како ке ги убедиш дека не оди таа позадина со фонт, или таков тип на фонт на таа страница,...

како до повеќе посети и друго

тука има доста филозофија и текст да се начита,
накратко
Ке си го рекламираш форумот, по социјалните сајтови, со плаќање реклами,....
претходно се подразбира убаво да е среден/оптимизиран, ако не е џабе реклама ако дојде посетител и одма си отиде :bow:
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Ве молам доколку има некој веб дизајнер овде нека напише
неколку совети за подобра веб страна
што сакаат клиентите ?
како до повеќе посети и друго
Поздрав


Веб страната треба да ти биде прегледна и доста едноставна за посетителот да не има мака додека дојде до одредена содржина, исто така страната треба да биде оптимизирана, можеш да прочиташ повеќе тука а со добра оптимизација и добар маркетинг ќе можеш да дојдеш и до голем број на посети. Тука ќе најдеш многу совети околу овие теми.
 

Milton

Истакнат член
Зачленет/а
17 ноември 2011
Мислења
360
Реакции
131
прашањето ти е премногу општо martin..
сепак, би сакал да ти потпомогнам колку можам.

ако целта ти е да работиш веб сајтови за клиенти од Мкд. да не те разочарувам премногу, ама тешко ќе ги заработуваш парите. не дека нема да најдеш клиенти, туку како ќе ги наплатиш парите, тоа е најголемата зезанција од се.

едноставно, фирмиве во Мкд. се навикнати да не плаќаат или па да плаќаат во компензации.

а се се сведува на маркетинг, односно како ќе се продадеш самиот себе си.

ми се случувало да продадам ептен добар веб сајт во кој сум вложил многу време и ресурси и да го наплатам 100-200 евра. се случувало да наплатам Joomla темплејт со мали измени и copy/paste на текст од Word директно во Joomla article и за тоа да наплатам 600 евра (ах, тие слатки парички). ама па ми се случило да направам сајт, да го предадам и да ми платат со 300 кила паштета. не ме прашувај како се ослободив од паштетата :stupidme2:

знај само една работа.
имиџот сам си го правиш и имиџот сам ќе си го срушиш ако не работиш како што треба.

седни со клиентите и разговарај што им треба и што од тоа можеш да направиш и што од тоа можеш да дополниш, односно да направиш up-sell за некои дополнителни услуги.
во секој случај, треба понудата да ти биде еден вид на елаборат, што повеќе страници, толку подобро.. никој нема да ја прочита понудата од почеток до крај. ќе го погледнат извршното резиме на почеток и сумата на пари која ја бараш на крајот. се што е во средина е небитно, ама треба да го има.

понудите кои ги пишувам не се никако под 10 страници.
имало понуди што сум ги доставувал за посериозни клиенти кои биле по 20-30 страници. повеќето од нив проаѓале заради сериозноста, заради тругот кој го имам вложено во креирање на професионална понуда.

е и уште една работа.
еве ти еден pdf.
се вика: Website Design and Development: 100 Questions to Ask Before Building a Website

================================================
A helpful book-and-video package for building and maintaining a successful Web site How do you know that you've done everything possible to create a unique, enriching, and successful Web site, particularly when you're hiring others to do it? With Website Design and Development, you'll feel confident that you've exhausted every facet of building a Web site. The clever question-and-answer format walks you through easily overlooked details, acting as a virtual consultant. You'll get clear, easy-to-follow advice on everything from finding a host, design and layout, creating content, marketing, to staying secure.

Each question features a rating as to how critical it is to the welfare of the site, allowing you to pick and choose where to spend your time and money, and the answers contain helpful illustrations as well as action points. In addition, your learning experience is further enhanced by the high-quality accompanying video. Contains professional advice for creating and maintaining a successful Web site Features an accompanying video that offers additional examples, commentary, and advice for each question. Lists questions you should ask yourself or your web developer and then presents clear, concise answers as well as helpful checklists Rates each topic as to its importance in the grand scheme of your Web site so that you can determine how to spend your time and money Website Design and Development answers the essential questions that need to be asked before creating a Web site.
=================================================

проучи ги добро прашањата и искористи ги како еден вид прашалник за кога ќе се сретнеш со потенцијалниот клиент да извадиш неколку листа каде се изнапишани прашањата (нормално, не мора сите 100 прашања) ама доволно е за да ти ја подотвори малце повеќе вратата кај клиентот и да ја фатиш работата.

линк за download:
Код:
http://www.mediafire.com/?9zodadat9kcjk9d

поздрав и секое добро.
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
потпишувам што кажа Milton
ако работиш за македонци прво земи аванс, барем 30%
ако ти се верува изгубив 3 месеци за еден сајт, целосно мој код и дизајн, за со клиентот се договоривме 1800евра за да накрај нема пари

така да прво земи аванс после он губи ако не ти исплати
 

Milton

Истакнат член
Зачленет/а
17 ноември 2011
Мислења
360
Реакции
131
баш така.
гледај да го работиш сајтот кај тебе на компјутер/сервер со инсталиран wamp.
ќе си регистрираш dyndns account и автоматски имаш две поволности.
прво, имаш основа да му покажеш на клиентот колку си професионалец и додека го правиш сајтот може да те надгледува на dyndns адресата.
и втората работа, кога ќе го финишираш сајтот, ќе му го покажеш во финална верзија која ќе треба да ја одобри.

штом ќе ја одобри.. кажи му да ти ги префрли парите, па потоа ќе го качиш на сервер по негов избор.

сите среќни.. the Macedonian way :)
 

martin

Нов член
Зачленет/а
11 ноември 2011
Мислења
16
Реакции
0
ви благодарам што се потрудивте да ми објасните :) фала многу
 

томче

дизајнерче
Зачленет/а
8 септември 2011
Мислења
391
Реакции
16
Веб-страница
www.ibiz.mk
На врв Дно