Итно! ако имаш fb фан страни и сакаш да ги спасиш еве што треба да направиш

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
fbdeleted.jpg

Ова е најголемата чистка на Facebook во историјата на постоењето на оваа социјална мрежа. Од 1ви месецов па до ден денес се избришани голем број фан страни вклучувајќи и Sarcasm која броеше 40 милиони фанови. Покрај тоа избришани беа и профили како и суспендирани голем број на Instant Articles. Причина и нема за бришењето на фан страните. Избришани се фан страни кои немаа активност како и фан страни кои беа споделувани само слики.

Од информациите до кои дојдов избришани се страни од различни теми како што се автомобили, патувања, славни личности, здравје, политика.

Оваа чистка би требало да трае до крајот на Јуни. Што ќе биде после тоа ќе пишам штом дојдам до повеќе информации.

СОВЕТ:
Доколку сакате да го избегнете овој бран на бришење фан страни и акаунти тогаш препорачувам страните да ги направите Unpublish додека не помине оваа бура. Оваа опција ја имате најгоре во делот Settings. Не може да се каже дека после тоа ќе бидете безбедни, но барем нема да се деси ништо во овој период од месецов.

За сега толку, ќе објавам утре повеќе инфо.
 

Zerosec

Член
Зачленет/а
3 февруари 2015
Мислења
66
Реакции
20
Сабаље кога се вклучив на ФБ не добив никакво известување поврзано со ова, ги проверував страните што и како дали е се во ред и одеднаш гледам дека ми направиле на една стрна Your page has been unpublished, им пишав но не се надевам дека ќе ми ја вратат...
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
За тие што ми пишуваат приватни пораки ќе ги замолам да пишуваат тука, целта е да се споделат искуствата со другите останати членови, не да се комуницира само со мене. :)
Да одговорам на прашањата што ми ги поставија:

Дали на фан страните каде што се споделувале статии истите биле уникатни?:
- Да статиите беа уникатни и истите беа пишувани од добри автори. Во бранот на бришење на фан страни мисалам дека ова не игра улога со оглед на тоа што се избришани фан страни за коли каде што рецензиите беа правени од автори на веб страните.

Исто така беа избришани и 2 фан страни кои имаа сив беџ
.

Пријател од Албанија ми потврди дека и кај нив имало бришење на фан страни, веќе почнале некои дури и да бараат начини за да ги вратат истите.
 

Zerosec

Член
Зачленет/а
3 февруари 2015
Мислења
66
Реакции
20
Исто и кај мене немаше ништо копирано сето беше работено од мене, и добри автори за статиите кои ги споделував кои исто така пред да се објават беа проверувани и немаше Clickbait или пак некој други работи кои би ги нарушиле нивните правила... Лајковите беа собирани на природен пат, значи од моја страна беше внимавано максимално...
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Исто и кај мене немаше ништо копирано сето беше работено од мене, и добри автори за статиите кои ги споделував кои исто така пред да се објават беа проверувани и немаше Clickbait или пак некој други работи кои би ги нарушиле нивните правила... Лајковите беа собирани на природен пат, значи од моја страна беше внимавано максимално...

Дел од луѓето кои ги познавам почнаа да се навраќаат на групите, дали имаш тестирано како е рич со групи?
 

Zerosec

Член
Зачленет/а
3 февруари 2015
Мислења
66
Реакции
20
Дел од луѓето кои ги познавам почнаа да се навраќаат на групите, дали имаш тестирано како е рич со групи?
Моментално немам ништо тестирано, да размислувам за да се вратам на фејсбук групите но незнам што и како е после последниот update кој го направија во врска со кликбејт статиите т.е насловите...
 
На врв Дно