Заработка со гостински постови

Дали би се нафатиле да работите 6 месеци без заработка?


  • Вкупно гласале
    12

Zeratul

Член
Зачленет/а
15 март 2012
Мислења
91
Реакции
15
Постојат стотина начини како да се заработат пари преку нет, но една од најстабилните е заработката со гостински постови односно продажба на линкови од пост.

Во што се состои заработката со продавање на гостински постови?

Едноставно доколку имате блог на определена тема, нудите блог постови на сопственици на веб страни во истото ниче. Сопствениците на овие веб страни (или нивните СЕО-вци) пишуваат блог пост во кој фалат, објаснуваат или нудат нешто што се продава или го има на нивните веб страни. Се разбира ова е напишано во прво лице еднина односно како да сте го напишале ВИЕ. Може исто така некој во улога на експерт да напише нешто (во негово име) и да ја посочи неговата веб страна за повеќе.
Обично вакви постови се наплаќаат во зависност од рангот на вашиот блог и ничето, но генерално доколку некој сака да ви гостува на блогот можете слободно да му побарате не помалку од 10 долари. Сепак доколку вашиот блог добро рангира (ПР4, ПР5 или повеќе) можете слободно да побарате и 50 доларчиња од еден блог пост. Значи се е просто, едноставно и културно.

Предности:
Не може никој да ве банира, да не ви плати, да ве зезни и слични глупости.
Блогот е ваш и вие одредувате што и како. Никој не ве замара со глупости.

Негативности:
Пред се ова не е бизнис за оние што сакаат да се збогатат денес. Треба да имате етаблиран блог на определено ниче со добар ПР (најмалку 3), а тоа се постигнува со повеќемесечна работа.
Доколку некој од гугл ве намириса може да ви го деиндексира блогот, но ова многу тешко се случува и тешко се докажува. Во последниве 3-4 месеци се деиндексирани неколку блог мрежи, но во прашање беа стотици (илјадници) блогови исповрзани помеѓу себе. И да го постигнете ова и гугл да ве деиндексира - сепак прво ќе заработите некое милионче пред тоа да се случи.
 

UnlockBoot

Нов член
Зачленет/а
3 февруари 2012
Мислења
11
Реакции
0
Веб-страница
unlockboot.com
Може некој пример од мрежа/блог/вебсајт да видиме како функционира таму. поз
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Dimemk веќе има неколку сајтови, се што треба му е PR :)
За ова треба малце време, и не е за оние кои сакаат брзипари.
 

Zeratul

Член
Зачленет/а
15 март 2012
Мислења
91
Реакции
15
па пример cars-10.com[DOUBLEPOST=1368169138,1340625514][/DOUBLEPOST]
Може некој пример од мрежа/блог/вебсајт да видиме како функционира таму. поз
Па скоро сите блогови - објавуваат спонзорирани постови.
 

RicoSoto

Интернет Маркетер
Зачленет/а
18 април 2012
Мислења
65
Реакции
6
Идејата ти е топ! Можеш да ги стимулираш со тоа што како на articlesnatch, им даваш do-follow линк ако имаат 10 или повеќе артикли.
Тука најдобар начин на заработка е Адсенс и спонзорирани постови.
Треба малце време и работа додека да се издигне сајтот ама би требало да има доста заработка.
 
На врв Дно