Веб страница на три јазика во WordPress

Conan

Член
Зачленет/а
30 јануари 2013
Мислења
81
Реакции
37
Прочепкав низ форумов и ненајдов нешто слично (освен една тема која само малку допира до оваа).

Треба да изработам веб страница во WordPress.
Страницата треба да биде на три јазика (со основна навигација: инфо, контакт, бла бла бла...) + да има блог (можност за објавување на вести, и сл.) на секој од поединечните јазици.
Значи, страница на 3 јазика со 3 блога.

Според Вас, кои веќе сте искусиле нешто слично досега - по која патека да одам?

Дали:
1. Да креирам мрежа од веб страници (Create A Network, http://codex.wordpress.org/Create_A_Network) - нешто што го предложваат од WordPress, или
2. Да одам со три инсталации на WP (една основна, и 2 инсталации во фолдери), па да ги поврзам трите страници само со линк/знаменце според јазикот?

Колку што гледав, со првата варијанта администрацијата на сајтот би била далеку поедноставна.
Незнам само дали една инсталација на WP може да поднесе/истрпи да има и 3 блога на различни јазици (или пак може да поднесе само обичен, статичен сајт; во случајов - три такви).

Со втората варијанта, администрирањето на сајтот би било посложено, но нема да се борам со непознаници.

Кое е Вашето искуство?
Како би постапиле Вие на мое место?

Однапред благодарам за секое размислување!
 

Dimemk

Активен член
Зачленет/а
9 април 2012
Мислења
254
Реакции
39
Веб-страница
infospot.com.mk
А зошто не одеш со WPML ? Си имаш опција да преведеш се и сешто, на кој јазик ти си одбереш. Си бираш кој да ти биде под дифолт јазик, и 2 плус други. Пример пишуваш 1 пост, после му идеш дуплкат (англиски го пишуваш) и уште еднаш (германски). Многу е едноставно и лесно.
 

stefan_v

Ninja
Зачленет/а
26 ноември 2011
Мислења
828
Реакции
307
Веб-страница
macedonius.com
Досега сум користел qTranslate. Баш завршувало работа. Немораш да се бафташ со инсталации и е попрактично(дури имаш опции за знаменциња, или со текст или на друг начив да си го прикажеш изборот на јазикот), и тоа се средено.
Има и добра подршка така да нема што неможеш да преведеш. Исто има опција за да го преведува админ делот според избор на јазик.
Тоа што му е работа - си ја врши. :)
 
На врв Дно