Академии за дигитален маркетинг

Petrusevsky

Член
Зачленет/а
12 март 2018
Мислења
16
Реакции
1
Здраво дечки, дали има некој шо посетува или посетувал Академија за Дигитален Маркетинг?
Знам дека постојат неколку такви платформи да ги речам.. Brainster, Џолев и Уметностите, Semos, Creative hub и др. , доколку имате искуство со некој од овие платформи кој имаат академии за д.м. да споделете искуства, да препорачате некој или да искритикувате некој.

Бидејќи од моја гледна страна прилично се скапичќи академииве по 1300/1400 еур ..

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

Ace

VIP
Зачленет/а
11 март 2014
Мислења
32
Реакции
17
Мислам дека не вреди за таа цена. Имаат многу привлечен маркетинг општо за сите академии и програми а пракса и резултати реални релативно слаби. Потоа се фалат (пак маркетинг на кој паѓаат сите) дека ГИ вработиле или дека се вработиле голем дел од нивните ученици во фирми со високи плати, а искуствата се дека дечките сами си ја нашле работата, претходно оделе на пракса (неплатена најчесто) и повеќето работат за околу 18.000-22.000 почетни плати.

Според мене попаметна опција е да им ја разгледаш програмата, распоредот што и како се учи постепено и да почнеш да учиш од онлајн ресурси. И уште една интересна работа што приметив кај една програма (да не ја именувам), превземен комплетен курс од пример. Udemy и адаптиран во некоја си "Академија од 9 месеци"... На крај кога ќе видиш продавање ветер и магла.
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Постави прашања ќе се обидам да ти одговорам на некои.
 

aleksandar4o

Активен член
Зачленет/а
7 февруари 2012
Мислења
415
Реакции
186
Lynda.com има супер почетнички курсеви кои детално објаснуваат што и како. Ги препорачувам за секого.
 
  • Like
Реакции: Ace
На врв Дно