Правила и услови на користење

1. Регистрацијата на „ИБиз Македонија“ е бесплатна. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица. Сите членови имаат право да регистрираат само едно корисничко име, дури и кога претставуваат повеќе физички или правни лица едновремено. Секое лице што ќе регистрира повеќе од едно корисничко име ќе биде отстрането од форумот.

2. „ИБиз Македонија“ се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица, освен во случај кога официјален државен орган со судски налог побара од сопственикот на „ИБиз Македонија“ IP адреса, електронска (email) адреса, или било какви други податоци кои што се достапни за некој член.

3. Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, вулгарен, и полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна, или лична) кон другите членови на форумот. Секој член на „ИБиз Македонија“ е должен да ја почитува приватноста на останатите членови. Објавување лични фотографии, приватни разговори, како и телефонски броеви, електронски (email) адреси, или било каков вид на лични податоци без одобрение на таа личност не е дозволено на овој форум. Членот кој што ќе прекрши некое од овие правила може да биде времено или трајно отстранет од форумот.

4. Иако основниот принцип на форумот е да се споделат слободно искажување на ставови, па дури и политичко агитирање, сепак „ИБиз“ нема да толерира ставови кои директно или индиректно значат негирање на македонската нација, јазик и самобитност. Доколку некој постави таков пост, поставувачот ризикува да биде трајно отстранет од форумот.

5. Официјален јазик на „ИБиз Македонија“ е македонскиот. Тoа значи дека сите постови и потписи мора да бидат исклучиво на овој јазик. Секое непочитување на ова правило, веднаш повлекува времено или трајно отстранување од форумот. На „ИБиз Македонија“ препорачуваме користење на кириличното писмо.

6. Кога пишувате пост на некоја тема особено обрнете внимание на начинот со кој се обраќате кон останатите членови на форумот. Коментирајте ги ставовите на членовите, но не навредувајте ги. Закани, навреди, понижувања, уцени и расправии нема да се толерираат, а најстрого ќе бидат санкционирани навреди од расна, национална, или верска природа кон некој од членовите на „ИБиз Македонија“ .

7. Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на „ИБиз Македонија“ и членовите на форумот. Исто така, на „ИБиз Македонија“ не е дозволено тендециозно рекламирање на интернет страници. Секој линк кон друг вебсајт, кој што по проценка на администраторите и модераторите ќе биде поставен со цел рекламирање на истиот, ќе биде отстранет, а поставувачот може да биде санкциониран.

8. Ве молиме вашите потписи да бидат во најмногу два реда, со големина на буквите (size) = 1, со нормален стил на букви (без bold, italic, underline, strikethrough) и со најмногу 10 големи (capital) букви.

9. Доколку некој член прекрши некое од правилата на „ИБиз Македонија“, тогаш членот може да биде опоменат, односно времено, или трајно отстранет од форумот. Додека сте отстранети од форумов (времено или трајно) не е дозволено регистрирање нови кориснички имиња. Секое новорегистрирано корисничко име ќе биде избришано и може да придонесе за ваше трајно отстранување од форумот.

10. Доколку имате некакво прашање, забелешка, предлог, или сугестија, ве молиме за такви намени да го користите подфорумот „Ваши сугестии и забелешки“. Доколку забележите некаква активност надвор од правилата од овој форум, тогаш ве молиме да ги известите администраторите и модераторите на соодветниот подфорум каде што е забележана таква активност со користење на опцијата „Пријави“ кое што се наоѓа под секој пост.

11. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на форумот. Истите мислења објавени од членовите не можат да бидат избришани по нивно барање освен ако тоа мислење нарушува некое од правилата тогаш истото ќе биде избришано од страна на модератор.

12.Администрацијата на „ИБиз Македонија“ го задржува правото, без претходна најава и образложение, да ги менува и дополнува овие правила, но се обврзува дека членовите на форумот во краток рок ќе бидат известени со информација на самиот форум.